17 Април, 2024
0.0261

Д-р. Тавилах од СЗО Македонија: Вакцините е безбедни и за оние со шеќер, крвен протисок, астма...

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Тешко е да се предвиди точниот датум кога вакцините од КОВАКС механизмот би пристигнале во Република Северна Македонија. Во едно неодамнешно соопштение, КОВАКС најави дека испораката на вакцините на државите-учеснички во механизмот би можела да почне за време на првото тримесечие од 2021 година, но дека тоа зависи како од поволните регулаторни одлуки, така и од подготвеноста на здравствениот систем и на националниот регулаторен систем во секоја од поединечните земји. Доколку нема проблеми во делот на регулаторните одлуки или во делот на подготвеноста на државата, намерата е првичните дози од вакцината да им бидат испорачани на сите земји-учеснички во КОВАКС механизмот истовремено или што поблиску до таа цел.

Ова во интервју за МИА го истакнува д-р Џихан Тавилах, претставник на Светската здравствена организација во Република Северна Македонија. Таа потсетува дека СЗО одобри итна употреба на вакцината Pfizer Ковид-19 (BNT162b2) и посочува дека во моментов има 12 вакцини што се предмет на оценување за добивање одобрение за итна употреба, од кои три се во завршната фаза од оценувањето, а постојат уште две други вакцини кои во моментов се наоѓаат во фазата на доставување на потребните податоци до СЗО.

„Зголемената циркулација на вирусот преку неговото ширење кај населението веројатно ќе резултира со повеќе мутации, а некои од нив може да имаат различни импликации. Затоа е важно луѓето да се вакцинираат кога вакцината ќе стане достапна. СЗО не препорачува вакцинирање на бремените жени. Според доказите со кои се располага во моментов, вакцинација со Ковид-19 може да се понуди без оглед дали лицето имало симптоматска или асимптоматска инфекција со SARS-CoV-2. Вакцините се проучувани на различни групи од населението и утврдено е дека се безбедни и подеднакво ефикасни и кај лицата со познати медицински проблеми како на пример висок крвен притисок, шеќерна болест, астма, белодробни заболувања, заболувања на црниот дроб или на бубрезите, како и кај оние со хронични инфекции кои се стабилни и контролирани. Колку повеќе луѓе ќе се вакцинираат, толку повеќе циркулацијата на вирусот ќе се намали, а со тоа и неговиот потенцијал за нови мутации и варијанти“, вели д-р Тавилах за МИА.

Таа истакнува дека позната историја на алергиска реакција (на пр. анафилакса) на било која компонента од вакцината претставува контраиндикација. Според неа, вакцината BNT162b2 не треба да се дава на лица со позната историја на тешка алергиска реакција на полиетилен гликол, затоа што овој производ, кој е една од компонентите на вакцината, може да предизвика анафилакса.

Потенцира дека е важно и натаму да продолжиме со општите заштитни мерки за кои знаеме дека се делотворни против ширење на заразата, како што се миењето раце и носењето маска сè до моментот кога опфатот со вакцинација ќе биде таков што ќе почне да предизвикува „имунитет на стадо“, познат и како „имунитет на популацијата“, а на овој начин се обезбедува и индиректна заштита од заразна болест која се јавува кога кај одредена популација ќе се развие имунитет преку широкораспространета вакцинација.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта