24 Април, 2024
0.0259

"Да бидеме хумани“, мисија за децата од социјално загрозени семејства да добијат новогодишни пакетчиња

Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Искрени насмевки и радост за новогодишните празници е мисијата на хуманиот проект “Да бидеме хумани“ кој ги сплоти трите македонки, Елена (@elenagagic), Елена (@aktivnosti_za_deca) и Симона (@moe_dete). Токму тие се мајки, активистки на социјалните мрежи, кои потикнаа многу граѓани заедно да тргнат во хумана мисија за магичните празници, во соработка со здружението „Љубезност".


„Една година ние три на социјалните мрежи промовираме родителите дома заедно со децата активно да поминат квалитетно време, да се забавуваат и да ги оттргнат децата од модерните технологии. Преку нашата неформална соработка дојдовме до заклучок дека потребна ни е заедничка работилница за проектот "Врти од А до Ш", за да подоцна ја направиме он-лајн работилница за Halloween, која беше во соработка со многу поддржувачи а поздравена од многу учесници. Двете работилници беа од забавен и едукативен карактер, сработени од мајки, татковци, деца... За на крај да дојдеме до идеја за годината да ја завршиме со насмевка, со добро дело преку социјалните медиуми проектот "ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ" изјави Елена Гагиќ Стојчевска.

Целта на проектот е да соберат што повеќе донации, а се промовира преку социјалната мрежа Instagram, на која работат со повеќе групи. Начинот на пријавување е со ДОНАЦИЈА односно секој оној што сака да е дел од работилниците, донира најмалку 100 денари, во здружението "Љубезност". 


„Ние, имаме зададена конректна тема наречена “Зима“ и пријавените дома со своите деца прават изработки, што ги испраќаат кај нас и ние ги наградуваме најдобрите изработки. На наше огромно задоволство веќе добивме многу хумани пријатели во својство на спонозори кои несебично учествуваат со наградување на најдобрите изработки. Иако е ова генерално работилница за родители и деца, бројот на пријавени и бројот на донатори е многу голем одошто очекувавме и се вклучуваат се повеќе креативци“ додаде Елена од Активности за деца.

Проект е да создадат што повеќе детски насмевки,  така што собраните средства од донациите заедно со здружението "Љубезност" кои се нивна водилка во проектот, ќе бидат наменти за новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства. 


„Ние три најсреќно ќе ги поминеме празниците кога на сите деца сме подариле пакетчиња а со тоа и искрени насмевки. Секој кој сака да биде дел од оваа приказна може да донира директно преку телефонот 070/143-100 или преку жиро сметка на Љубезност, на Комерцијална банка 300-00000-429785 со назнака Донација за новогодишни пакетчиња за социјално загрозени деца“ истакна Симона од профилиот Мое дете.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка