27 Септември, 2024
0.0266

ДА ГО ОБОИМЕ СВЕТОТ ВО БОЈАТА НА ВРАНЕЦ: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот

Објавено во: Мои пари 26 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

5. Октомври- Светскиот ден на вранецот, водечката регионална автохтона сорта и дел од нашето национално винско наследство, и годинава се одбележува во организација на Здружението „Вина од Македонија“. Манифестацијата која по шести пат се одржува токму во нашата земја има за цел да ја интернационализира оваа уникатна сорта, да го популаризира нејзиниот исклучителен квалитет и карактеристики пред винската елита ширум светот и да го позиционира вранецот сѐ повисоко на светската винска мапа.

Оваа година Светскиот ден на вранецот ќе се одбележи во сабота, 5 октомври, во Националната опера и балет, со Вински салон на кој винските љубители ќе имаат можност да дегустираат вина од сортата вранец. Во рамки на манифестацијата, специјален концерт ќе одржи минатогодишниот „Амбасадор на вранецот“ Казухиро Котетсу, кој е основач наТокискиот камерен оркестар „Вранец”.

На настанот ќе присуствуваат и над 20 интернационални вински новинари, експерти во областа на виното, кои во деновите пред прославата ќе посетат македонски винарници со цел да се запознаат со македонската винска индустрија, да пробаат квалитетно македонско вино и да ја промовираат нашата држава како винска земја пред бројни читатели на светски познати магазини како Forbes, Decanter, BKWine и WineSofa.

„Горди сме што Денот на вранецот секоја година станува сѐ позначајна манифестација на глобалната винска сцена, придонесувајќи оваа наша автохтона сорта да биде што пошироко препознаена и да го добие своето место во винскиот свет. Врвниот квалитет на вината создадени од оваа сорта и нивните уникатни карактеристики редовно добиваат највисоки оцени и признанија од винските експерти на светските вински натпревари, но и од сѐ поголем број љубители на виното на странските пазари.  Тоа е потврда дека со востановувањето на овој Ден направивме вистински чекор, но и дополнителен мотив да продолжиме со проектите за понатамошна интернационализација на вранецот. Со нив секако ја презентираме и македонската винска индустрија и Македонија како винска сила со сериозен потенцијал“, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на Здружението ‘Вина од Македонија‘, кое во 2019 го иницираше одбележувањето на Светскиот ден на Вранецот, во соработка со регионални вински здруженија и винарници.

Традиционално, главен поддржувач на настанот е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оваа година, на организацијата се приклучува и Јапонската амбасада, која ја прославува 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Јапонија, како и Министерството за култура и туризам.

Иако вранецот традиционално се поврзува со Црна Гора, оваа сорта е широко распространета низ целиот балкански регион. Во Македонија, таа зазема најголема површина, претставувајќи околу 50% од вкупните лозови насади и речиси 70% од сите црвени сорти. Вранецот е основа за производство на суви вина со уникатен и препознатлив вкус, кои го симболизираат винскиот идентитет на Балканот. Вината од оваа сорта се меѓу најнаградуваните на престижните светски вински натпревари, што дополнително го истакнува нивниот растечки углед.

Љубителите на виното заинтересирани да го посетат Винскиот салон, кој се одржува по повод Светскиот ден на вранецот, можат да добијат повеќе информации на https://www.vranecworldday.com/.

Можеби ќе ве интересира

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата

ОКТА продолжува со реализација на платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“ за поголема безбедност во сообраќајот

ОКТА продолжува со реализација на платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“ за поголема безбедност во сообраќајот

AI Weekend во Ровињ ги собра претставниците на регионалната и светската tech сцена

AI Weekend во Ровињ ги собра претставниците на регионалната и светската tech сцена

Дарко Панчев: Се надевам дека мојата биографија ќе биде инспирација за младите генерации

Дарко Панчев: Се надевам дека мојата биографија ќе биде инспирација за младите генерации

25 ГОДИНИ УСПЕШНО ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ: РЕХАУ отвори нов изложбен салон во Македонија

25 ГОДИНИ УСПЕШНО ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ: РЕХАУ отвори нов изложбен салон во Македонија

Аплицирај и активирај ја твојата Mastercard Contactless на Халкбанк и добиј вредносен ваучер

Аплицирај и активирај ја твојата Mastercard Contactless на Халкбанк и добиј вредносен ваучер

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје Kорпоративната историја и традиција на едно место

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје Kорпоративната историја и традиција на едно место

Започнува традиционалниот „НЛБ Месец на штедење“, годинава на тема „Штедиме и правиме добри дела“

Започнува традиционалниот „НЛБ Месец на штедење“, годинава на тема „Штедиме и правиме добри дела“