Да им се забрани влез во Србија на тие што гласаа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница, еве што бара српскиот министер Вулин
Објавено во: Балкан 18 Јуни, 2021
Александар Вулин, српски министер за внатрешни работи, изјави дека ќе побара забрана за влез во Србија за оние кои во црногорскиот Парламент гласале за Резолуцијата за геноцид во Сребреница.
Според него, оние кои во црногорскиот Парламент гласаа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница „се откажале од Србите”.
„Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ последен пат ги разочара Србите, по овој срам веќе ништо од него не може да не разочара“, оцени Вулин.
Собранието на Црна Гора вчера усвои Резолуција за геноцид во Сребреница, а министерот за човечки и малцински права Владимир Лепосавиќ е сменет на предлог на црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, поради изјавите во кои го „релативизирал геноцидот во Сребреница”.