26 Септември, 2022
0.0238

„ДА НЕ МУ ДАВАМЕ МУНИЦИЈА НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ДА ИЗИГРУВА УСТАВЕН СУДИЈА“: Левица ќе го формулира референдумското прашање со наратив „против“

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

„Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските Заклучоци“ – со ова мислиме дека практично е невозможно формално-правно да се одбие иницијативата, рече претседателот на Левица, Димитар Апасиев, соопштувајќи како неговата партија ќе го формулира прашањето за референдум што го иницираат откако иницијативата на  ВМРО-ДПМНЕ беше одбиена од претседателот на Собранието Талат Џафери.

Според него, и иницијативата на Христијан Мицкоски била формално-правно уредна, но дека Левица, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, нема директно да го „напаѓа“ Договорот со Бугарија туку Заклучоците со цел, како што рече, „да не му даваме муниција на Талат Џафери да изигрува уставен судија односно да толкува Устав“.

-Одиме на варијанта во која наративот ќе биде „против“, а не „за“, односно наратив на продолжување на духот на антивладините протести против бугаризацијата кои беа најмасовни откако е СДС на власт, рече Апасиев во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал5.

Ќе бараат, рече, задолжителен референдум, а бидејќи по нашиот Закон за референдум изјаснувањето е „за“ и „против“, очекува граѓаните на прашањето да гласаат против.

– Поентата е дека сега се оди согласно член 24 од Законот за референдум, дека на државно ниво референдум може да се распише за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓаните за други прашања за кои одлучувало Собранието. Имено тие „други прашања за кои одлучувало Собранието“ се овие Заклучоци кои ние ги ставаме на референдум, појасни Апасиев.

Проблемот во Заклучоците, рече тој, е во точката 1 – која ја внесува Преговарачката рамка т.е. трите документи кои не им беа доставени на пратениците, и точката 3г кој е т.н. француски предлог. 

ФОТО: Принтскрин/Канал 5

Можеби ќе ве интересира

Денес облачно и дожделиво, утре поголема нестабилност

Денес облачно и дожделиво, утре поголема нестабилност

„СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА НА РАТИ, ГРЕЕЊЕ НА ДРВА, НАЧИН МОРА ДА СЕ НАЈДЕ УЧИЛИШТАТА ДА РАБОТАТ“: Само НЕ онлајн настава

„СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА НА РАТИ, ГРЕЕЊЕ НА ДРВА, НАЧИН МОРА ДА СЕ НАЈДЕ УЧИЛИШТАТА ДА РАБОТАТ“: Само НЕ онлајн настава

СИНОЌА СИ ЈА СКРШИВ НОГАТА ВО ОВАА СКРШЕНА ДРЖАВА - еве низ каква голгота поминуваме сите за да добиеме обична здравствена услуга

СИНОЌА СИ ЈА СКРШИВ НОГАТА ВО ОВАА СКРШЕНА ДРЖАВА - еве низ каква голгота поминуваме сите за да добиеме обична здравствена услуга

ДИВИ СВИЊИ СЕ СИМНУВААТ ДО ДВОРОВИТЕ ВО ЦРНИЧЕ, ВЕЌЕ СЕ НАПАДНАТИ И МИЛЕНИЦИ - граѓаните живеат во страв, надлежните си ја префрлаат топката

ДИВИ СВИЊИ СЕ СИМНУВААТ ДО ДВОРОВИТЕ ВО ЦРНИЧЕ, ВЕЌЕ СЕ НАПАДНАТИ И МИЛЕНИЦИ - граѓаните живеат во страв, надлежните си ја префрлаат топката

ПО ГРУПНАТА ТЕПАЧКА НА МЛАДИ ВО ПЕТОКОТ, ГЕРАСИМОВСКИ ДЕНЕСКА НА ТЕРЕН - полицајци има, но не доволно, и родителите да си ги воспитуваат децата

ПО ГРУПНАТА ТЕПАЧКА НА МЛАДИ ВО ПЕТОКОТ, ГЕРАСИМОВСКИ ДЕНЕСКА НА ТЕРЕН - полицајци има, но не доволно, и родителите да си ги воспитуваат децата

ХАКЕРСКАТА ГРУПА BLACK BYTE ГО НАПАДНАЛА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО - се работи на отстранување на проблемот, граѓаните да имаат трпение за услугите

ХАКЕРСКАТА ГРУПА BLACK BYTE ГО НАПАДНАЛА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО - се работи на отстранување на проблемот, граѓаните да имаат трпение за услугите

СЕ ОГЛАСИ АХМЕТИ - ДУИ МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА БЕЗ СЕКОГО - 20 години сум навикнат на такви незадоволства, секогаш излегуваме посилни

СЕ ОГЛАСИ АХМЕТИ - ДУИ МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА БЕЗ СЕКОГО - 20 години сум навикнат на такви незадоволства, секогаш излегуваме посилни

ТРГНАЛ НА ВЕНЧАВКА КАЈ СВОЈОТ МАКЕДОНСКИ КОЛЕГА БОЧВАРСКИ, НА ГРАНИЦА ЧЕКАЛ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ЧАС - еве како Отворен Балкан го искусил српскиот министер за градежништво

ТРГНАЛ НА ВЕНЧАВКА КАЈ СВОЈОТ МАКЕДОНСКИ КОЛЕГА БОЧВАРСКИ, НА ГРАНИЦА ЧЕКАЛ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ЧАС - еве како Отворен Балкан го искусил српскиот министер за градежништво

ПОЛИЦАЈЦИ И ИНСПЕКТОРИ НАПРАВИЛЕ „РШУМ“ НИЗ ЛОКАЛИТЕ - угостителите упорно им точат алкохол на малолетници

ПОЛИЦАЈЦИ И ИНСПЕКТОРИ НАПРАВИЛЕ „РШУМ“ НИЗ ЛОКАЛИТЕ - угостителите упорно им точат алкохол на малолетници