18 Април, 2024
0.0315

Да не се инвестира во нафта на база на шпекулации

Објавено во: Финансии 23 Април, 2020

Добивај вести на Viber


Корона вирусот го достигна својот врв насекаде во Европа и САД. Бројот на заразени, хоспитализирани и починати опаѓа. Како резултат на тоа, државите се посветени на забрзување на излезот од карантин. Данска веќе делумно ги отвори училиштата, слично и Германија, а започнаа со работа и некои индустрии и трговски дејности. Слична е ситуацијата и во Словенија. Сепак, ограничувањата се сè уште високи, особено во најпогодените сектори како транспорт, угостителство и туризам. Некои земји зависат многу од туризмот (Грција, Хрватска), каде туризмот учествува со 20% од БДП, а во Шпанија и Италија овој процент е уште поголем, па прашање е што ќе се случи со туристичка сезона оваа година и ако не се случи кои мерки ќе бидат преземени на ниво на ЕУ за ублажување на силната рецесија.

– Државите воведуваат дополнителни мерки и гаранции за најранливите поединци и компании. Ова го засилува оптимизмот на пазарот, но бројките во вториот квартал ќе бидат немилосрдни. Очекуваме многу голем пад на економската активност, а овие предвидувања се влошија изминатата недела. Затоа интензивно се подготвува стратегијата за излез, а работите се менуваат од ден на ден. Заеднички именител на мерките за излез во последните 14 дена е фактот дека состојбата со вирусот се смирува малку побрзо од очекуваното, така што мерките за излез се исто така малку побрзи од очекуваните, што дава одреден оптимизам за третиот и четвртиот квартал и овозможува побрзо враќање во нормалниот живот.

– Ако Кина понуди информации за тоа како изгледа светот по укинувањето на мерките, тогаш можеме да гледаме пооптимистично за светот. По укинувањето на ограничувањата, значително се зголеми купувањето на авионски билети за првомајските патувања, а се пополнуваат и туристичките капацитети. По неколкумесечниот карантин, луѓето сакаат да ја променат животната средина и да доживеат нешто ново. Од друга страна, гледаме зголемување на дигиталните канали за продажба преку интернет, што врши дополнителен притисок врз физичката трговија. Може да оцениме дека тоа е една од трајните промени предизвикани од корона вирус кризата.

– Најголем предизвик претставуваат азиските земји и државите со послаби здравствени системи, а меѓу нив се вбројуваат неколку големи и важни земји во развој како што се Индија, Русија и Јужна Африка. Врвот на корона вирус сè уште не е достигнат таму, па продолжуваат рестриктивните мерки, што има силно негативно влијание врз пазарите во развој како целина. Оваа состојба очекуваме да се задржи најмалку уште една недела или две.

Влијание врз пазарите на капитал:

– Минатата недела пазарите беа обоени во зелено поради тоа што оптимизмот ја зголеми довербата на инвеститорите. Започнаа првите објави на резултатите од компаниите. Во САД први го направија тоа банките и ИТ-индустријата. Банките разочараа, главно поради формирање на дополнителни резерви поради очекуваните отписи и нефункционалните кредити. Пазарот реагираше негативно на овие објави, а како резултат на тоа целокупниот финансиски сектор забележа слаби резултати. Од друга страна, ИТ компаниите покажаа солидни резултати, иако повеќето објави од најголемите компании се очекуваат во наредниве денови. Но, тоа не ги спречи Amazon и Netflix да достигнат нови врвови, бидејќи нивниот деловен модел очигледно просперира во овие периоди на криза. Дури и првите компании од здравствената индустрија покажуваат добри резултати, а нивните прогнози за целата година се уште подобри, бидејќи очекуваат забрзување на бизнисот.

– Податоците од компаниите кои ги истражуваат трендовите на пазарот и навиките за купување за месец март и април покажуваат дека луѓето своите набавки ги насочиле пред се на неопходните потрошни добра, како што се храна и средства за домаќинство. Купувачите исто така за време на карантинот се привлечени од страна на онлајн забавата. Од друга страна, видовме голем пад на продажбата на поголеми еднократни набавки, како што се големи апарати за домаќинство и автомобили. Бидејќи автомобилската индустрија е важен дел од европската и германската економија (а со тоа и словенечката економија, која учествува со скоро 20% од извозот), се очекува стимулации за купување на нови автомобили, слично како во 2009-2010 година. За таа цел, на 5 мај е закажана средба на германската автоиндустрија со германската влада. Ова може да биде момент за поголема промена на движењата во Европа.

– Договорот со ОПЕК+ за намалување на црпењето на нафтата само за кратко ја зголеми цената на нафтата. Мерките на краток рок се премногу мали за да се неутрализира падот на потрошувачката на нафта како резултат на карантинот и следствено на тоа, на помалата економска активност и транспортот. Поради големиот краткорочен вишок во снабдувањето со нафта во САД, цената падна под 0, бидејќи шпекулантите и финансиските инвеститори сакаа да се ослободат од договорите за набавка на нафта (фјучерси) во мај и да склучат подолги договори од една страна, а од друга страна да се ослободат од физичката испорака. Овие ниски цени на нафтата имаат влијание на пазарите, но гледајќи малку подалеку, во есен кога можеме да очекуваме нормализација на настаните во светот, цена на американската WTI нафта за септември е околу 30 американски долари. Сепак, ниските цени на нафтата се добри за сите енергетски зависни земји и најголемите увозници, Кина, Европа и Словенија.

– Пазарите на обврзници се стабилни, а централните банки имаат силна „контрола“ врз пазарот. Ликвидноста е добра и разликите помеѓу куповната и продажната цена (т.н. spread) се повторно нормални. Државите продолжуваат интензивно да издаваат нови обврзници и инструменти за финансирање на понатамошните мерки против корона вирус. Зголемената понуда се очекува да продолжи одредено време, така што централните банки ќе продолжат внимателно да ги следат настаните и да преземат дополнителни мерки за ликвидност доколку е потребно.

Совети за инвеститорите:

– Пазарите пораснаа во текот на минатата недела, така што падовите од почетокот на годината сега веќе не изгледаат драматични. Некои акции веќе ги надминаа не само нивоата од почетокот на годината, туку постигнаа и нови највисоки врвови. Како резултат на тоа, време е да се размисли за прилагодување на портфолијата односно помала изложеност кон акции за инвеститорите кои во моментот имаат голем дел од портфолиото инвестирано во акции. Во следните недели,  резултатите и предвидувањата на компаниите како и стратегиите за излегување од карантин ќе дадат подобра слика за идните економски случувања, затоа се препорачува намалување на ризикот. Инвеститорите кои имаат многу конзервативни портфолија (вклучително и депозити) треба да ја зголемат својата изложеност кон акции во помали чекори, бидејќи ризикуваат да го одложат натамошниот раст со добар пресврт на настани.

– За инвеститорите со долгорочни гледишта, остануваат непроменети препораки. Движете се по зацртаниот пат. Наредната година (2021) изгледа многу подобра и се очекува коронавирусот да има  само мало влијание врз економијата,  така што инвеститорите треба да ги задржат своите инвестициски стратегии и темпото на вложување. Поплавата од новосоздадените пари ја зголемува долгорочната привлечност на акциите на штета на банкарските депозити.

– Здравствените, прехранбените, ИТ компаниите како и основните комунални услуги остануваат најатрактивни сектори. Нашите фондови инвестираат во акциите од овие компании, а адаптациите на  портфолијата ги одразуваат очекувањата за идните случувања, така што ја задржуваме препораката за претпазлива структура на портфолиото и диверзификација на средствата помеѓу различни категории и региони. Инвестиции на пр. во акции од енергетски (нафтени) компании треба да бидат застапени до 10% од портфолиото, а не во најголем дел од портфолиото. Овие акции може да бидат зачин на портфолиото, но никогаш не треба да бидат главно јадење.

– За крај, би сакале да го свртиме вашето внимание на прашањето за инвестирање во нафтена индустрија, бидејќи сè повеќе се поставуваат прашања на оваа тема. Акциите на нафтената компанија не се движат како цената на нафтата. Секоја нафта не е иста. Имаме многу видови на нафта со многу различни цени. Дури и ист вид на нафта нема иста цена, бидејќи цените многу се разликуваат од местото и времето на испораката. Така цена на WTI нафтата падна под 0 во мај, додека цена на истата нафта за испорака во септември и октомври остана над 30 американски долари за барел. Како резултат на тоа, ETF кои инвестираат во нафтената индустрија, тргуваат многу со овие финансиски инструменти. Кога ETF ги продадоа мајските договори и купија јунски, создадоа огромна финансиска загуба за инвеститорите. Затоа, движењето на овие ETF може да биде сосем различно од очекувањата. На сите инвеститори кои не се запознаени со областа на трговија со нафта, им советуваме да се оддалечат од краткорочните шпекулации и да се придржуваат до долгорочната стратегија за инвестирање што е усогласена со нивниот профил на вложувач.

Резимето за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите го составија портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс.

Можеби ќе ве интересира

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“

ОВА Е НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ МИЛИОНЕР НА СВЕТОТ: Ниту портирот во неговата фирма не го познава!

ОВА Е НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ МИЛИОНЕР НА СВЕТОТ: Ниту портирот во неговата фирма не го познава!

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!