Да се основа војска на ЕУ, бара Макрон
Објавено во: Балкан 23 Септември, 2021
Францускиот претседател, Емануел Макрон бара основање војска на ЕУ.
Високите европски претставници овој месец предложиле создавање на 5.000 војници за брза реакција, откако одлуката на САД да се повлечат од Авганистан ги изненади европските лидери.
„Ако продолжиме со ова, мислам дека можеме да го ставиме на маса и да дебатираме за Советот за безбедност“, изјавил за Телеграф Сандро Гози, поранешен италијански министер за Европа, кој сега е европратеник во партијата на Макрон.
Марош Шефковиќ, заменик -шеф на Европската комисија, изјавил дека ЕУ наскоро ќе разговара за начините за зајакнување на заедничката одбрана.