Да се вештачи телефонот со кој е фотографиран Рашковски, побарала Русковска
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2021
Oбнителката Вилма Русковска, го контактирала сопственикот на порталот каде што беше објавена фотографијата од Драги Рашковски и побарала лицето кое го снимало да дојде во ОЈО за да се изврши форензичко вештачење на телефонот.
Образложи дека побарала вештачење бидејќи судот нема доказ дека Рашковски е забележан после времето, што е одобрено за излез од домашниот притвор. Русковска рече дека никој не се јавил, ниту се појавил по нејзиниот повик.
Рашковски е во куќен притвор како осомничен во истрагата за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци во периодот кога беше на функцијата генерален секретар, а пред два дена беше објавена фотографија како тој се движи по улица во скопски Аеродром.