Дачиќ е навреден од изјавите на Заев и најавува реципроцитет кон Скопје
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2017
Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, изјави дека лидерот на СДСМ, и идниот македонскиот премиер, Зоран Заев со своите изјави ги поткопува односите меѓу Белград и Скопје.
„Навредите кои Заев ги упатува на српското раководство сигурно ќе влијаат на нашите билатерални односи“-пишува Дачиќ во соопштението, цитирано од Б-92.
Тој вели дека Србија нема да се меша во внатрешните работи на други земји, исто како што Србија сака добри односи со соседите, но изјавите на Заев се токму во спротивниот тон.
„Србија нема да му дозволи на никој, па ни на Заев, да ја понижува, а односот према властите во Скопје во иднина ќе биде реципрочен на нивниот однос кон Србија“- додава Дачиќ.
Заев претходно изјави дека е непријатно на кој начин Србија ги коментира настаните во Македонија. Спомена дека Александар Вучиќ кој сега е нов претседател на земјата споменувал македонско сценарио. Претходно, Заев изјави дека на власт во Србија е националистичка влада.