Дачиќ: Гутереш вели дека целта на Косово е да ја собори мисијата на ОН
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2019
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во Њујорк се сретна со генералниот секретар на
Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Тој се состана со Гутереш по седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово и Метохија, која беше разгледан последниот извештај на генералниот секретар на ОН.
Дачиќ во изјавата за српски медиум изјавил дека генералниот секретар на ОН е целосно информиран за ситуацијата во Косово.
„Гутереш е многу свесен за ситуацијата и самиот вели дека присуството на мисијата на ОН во Косово и Метохија е доказ дека работите не се решени и дека затоа Косово би сакало да нема мисии на ОН и оти целта на Косово е да го избрка ОН“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека Гутереш остро го осудил кршењето на имунитетот на припадниците на мировната мисија на ОН за време на акцијата на специјалните единици на косовската полиција на северот од Косово.
Според извештајот, малтретирањето и тепањето на претставници на ОН и непочитувањето на одлуката за имунитет се под жестока осуда на генералниот секретар.
Фото Tanjug