ДАЧИЌ ЌЕ МУ ПЕЕ: Но, што ќе јаде Путин во Белград?
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2019
За дочек на рускиот претседател, Владимир Путин Србите ќе ги искористат најдобрите специјалитети и вина.
Тој утре доаѓа во посета на Србија, а ќе го пречекаат со сарми, различни пити, проја, ајвар, но и најдобри вина, пишува српски Курир.
За овој важен гостин српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ подготвува посебен музички репертоар.
Ќе има и риба затоа што Путин веќе јавно кажал дека пред месо бира риба.