Добивај вести на Viber
Товарот од економската криза не треба да го носат граѓаните, Србија нема да банкротира, изјави денеска српскиот премиер Ивица Дачиќ. Според него штом Грција не банкротираше, нема ниту неговата земја.
-Србија ги преживеа војните и бомбардирањето и санкциите сигурно дека ќе преживее и сега.
Кога земјата преживеа најголем дефицит на крајот на владата на Мирко Цветковиќ, ќе преживее и сега. На Србија и е потребна економска и политичка стабилност-истакнува тој.
Дачиќ вели дека владата ќе ја сочува финансиската стабилност со намалување на трошоците и дефицитот и нагласи дека излез од кризата не може да биде само штедење.