ДАЧИЌ ТОП ВЕСТ ВО ТУРЦИЈА: Даде појаснување кој го натерал да пее
Објавено во: Балкан 11 Октомври, 2017
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека синоќа на свечениот прием пеел на молба на претседателот, Александар Вучиќ и на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Денес тој е топ тема во турските медиуми.
„Колку што јас разбрав сите во салата беа воодушевени и денес тоа е главна вест во Турција. А што требаше да направам, да го убијам како Мурат? Доколку на некој не му се допаѓам нека се променат“ - рече Дачиќ.
Министерот очекувал позитивна реакција од турските гости, затоа што пеел на нивниот јазик.
„Знаев дека така ќе изреагираат,тоа е една од нивните најпознати песни, а се пее на цел Балкан“ - изјави Дачиќ.
Дачиќ ја пееше песната „Осман ага“ на турски јазик. Од муфтијата Мустафа Јусуфспахиќ доби и бакшиш, објавија белградските медиуми.„На крајот од разговорите беше организирана музичка вечера за претседателот Ердоган и турската делегација“ - пишуваат турските медиуми.
Дел од турските медиуми пишуваат дека оваа песна сакал да ја слушне Ердоган.
Тие информираа како Ердоган бил пречекан во Нови Пазар каде живеат Турци и Бошњаци.