Дала отказ и сите пари ги вложила во бизнис
Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2019
Зилинго е сингапурска платформа која има илјадници купувачи на облека од Азија.
Анкити Босе има 27 години и е на чело на оваа компанија која вреди милијарда долари. Овој факт изненадува многу луѓе.
Пред пет години работела во инвестициска фирма, но потоа основала своја фирма, која во 2017 година имала приход од 1.8 милиони долари.
Младата девојка дала отказ и заштедата од 30.000 долари ја вложила во свој бизнис.
Вели дека тогаш работела и по 18 часа дневно.
Платформата од секоја нарачка наплаќа 10 до 20% и од тоа добива приходи.