25 Април, 2024
0.0341

ДАЛИ АВТОБУСОТ НА „БЕСА ТРАНС“ БИЛ СТАР САМО ТРИ ГОДИНИ - бугарски експерт: Новите автобуси можат да се изгаснат самите пред првата противпожарна

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Дали автобусот на компанијата „Беса транс“ бил стар навистина само три години. 

Бугарски експерти за автобуси се сомневаат во тоа и велат дека е многу можно автобусот да бил постар и да бил само добро саниран односно „нашминкан“.

Ова тие го темелат на фактот што сите автобуси кои се стари три години и помалку, имаат апарати за гаснење, а и самите столчиња се направени од незапаливи материјали, така што автобусот би можел да се изгаси сам пред да пристигне противпожарното возило. 

Оној автобус кој е произведен после 2018 година одговара на сите современи системи за сигурност. Бугарската телевизија Нова.бг била во најголемиот автобуски парк во Бугарија, каде што има автобуси стари најмногу три години, за колку што од агенцијата „Беса транс“ тврдат дека е стар нивниот савтобус, со кој се случи страотната сообраќајна несреќа и загинаа 44 луѓе. 

Експертот за автобуси, Себахатин Исмаил, за телевизијата објаснува дека автобусите произведени по 2018 година имаат девет системи за безбедност, додека автобусот кој изгорел на автопатот Струма, според нивните сомневања, е стар, а во неговата внатрешност била направена голема санација, односно практично како да бил „нашминкан“ со замена на нови столчиња и тапацир.

„Ова е еден од системите и тука е вградена противпожарна заштита, инсталација. Тука се наоѓа неговата централна инсталација, во која има апарати за гаснење, системи за информирање, и сето тоа се наоѓа во багажниот дел од автобусот“, изјавил Исмаил. 

На новинарското прашање дали тоа значи дека автобусот може да се изгаси самиот, експертот вели.

„Овој автобус може да биде изгаснат сам пред да пристигне првото противпожарно возило. Така што, и самото купе и столчиња се направени од такви материјали, кои не можат да бидат лесно запаливи“, вели овој експерт. 

Тој коментира дека автобусот кој изгоре немал вакви системи за гаснење за пожар, појаснувајќи дека во автобусите произведени по 2018 година, се е автоматско и ништо рачно не се работи.   

Можеби ќе ве интересира

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско