26 Април, 2024
0.0295

Дали Бин Ладен планирал напади на српски цркви на Косово?

Објавено во: Свет 20 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Меѓу документите на убиениот лидер на терористичката организација Ал каеда Осама бин Ладен, кои ги објави американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), има и фотографија на храмот Свети Димитрија во Косовска Митровица и мапа на градот, oбјавија српските медиуми.

Со прегледување на 470.000 фајлови објавени на 1 ноември на сајтот на ЦИА, српска Политика нашла мапа на Косовска Митровица, како и фотографија на црквата во градот.

Мапата на Косовска Митровица и фотографијата на црквата во градот претходно биле објавени и на сајтот на Би-би-си под наслов „Косовските Срби се соочуваат со тешки одлуки“.

„Најдовме и знаме на кое пишува „Косово џихад – муслиманско истребување на косовските христијани“, како и мапа на Косово од времето на Отоманското Царство на кое се прикажани Приштина и Вучитрн“- пишува весникот.

Станува збор за репортажа за животот во северниот и јужниот дел на Митровица, објавена на 14 март 2007 година, нецел месец по едностраното прогласување на независноста на Косово.

Компјутерот во кој се наоѓаат овие документи беше откриен во акцијата на американските специјалци во која во 2011 беше убиен лидерот на Ал каеда во Пакистан, а содржи повеќе стотици илјади фајлови со документи, видео-снимки и фотографии.

Пензионираниот професор на белградскиот универзитет и експерт за антитероризам Милан Мијалковски за Политика вели дека одамна е познато за постоењето на планот на Ал каеда во кој Балканот се проектира како дел од идниот калифат, па оттука веројатно и интересот на Бин Ладен за Косово.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек