25 Април, 2024
0.0277

Дали бројот на социјалци во Македонија се намалува или зголемува?

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Секоја година бројот на корисници на социјална помош се намалува, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Додаваат дека намалувањето се должи на електронската размена на податоци меѓу различни институции од кои се прибираат докази за состојбата на корисникот, како и врз основа на контролите за исполнување на условите за остварување на правото кои се законски пропишани.

Ако во 2013 година имало повеќе од 30.000 корисници, во 2018 година таа бројка е сведена на 24.000 корисници на социјална помош.

„Реформата во социјалната заштита и заштитата на децата се насочување кон намалување на сиромаштијата на домаќинствата во социјален ризик, со посебен ефект за намалување на детската сиромаштитија. Воведувањето на парична помош може да се гледаат единствено како семеен  пакет на права во согласност со потребите на домаќинствата и граѓаните. Реформата треба да помогне во извлекувањето на најранливите над линијата на сиромаштија и во ниту еден случај на неа не треба да се гледа како нешто што ќе ги загрози трудоинтензивните дејности каде што има минимална плата, туку напротив како процес во кој ќе се обезбедат што поголем број работници, нешто што во моментот е горлив проблем на државата. Целта на оваа реформа е да ги активира примателите на гарантиран минимален приход на пазарот на трудот преку доквалификација, дообука и и слично, и да ги натера нивните деца да се вклучат во образовниот процес“, велат од МТСП.

Додаваат дека за лицата, домаќинствата во ризик поради материјална  необезбедност предвидена е  гарантирана минимална помош, како и 1.000 денари  месечно во текот на шесте  зимски месеци за покривање на трошоците за греење. Истовремено во областа на заштитата на децата, се овозможува за прв пат корисниците на гарантирана минимална помош да можат да користат детски додаток и образовен додаток за деца кои редовно посетуваат настава во основно и средно училиште, заради поддршка на родителите во подмирувањето на училишните трошоци, со што се превенира раното напуштање на училиштето.

Оваа реформа ќе ги опфати и домаќинствата  кои остваруваат  ниски примања, кои  исто така ќе имаат право на остварување на детски додаток и образовен додаток за децата, со што бројките на корисниците на образовниот и детски додаток ќе се зголеми за 20 пати.

Социјалната помош годинава се зголемува и ќе изнесува 11.700 денари, додека минималната плата е 12.000 денари.

Ова ќе ги стави во незавидна положба газдите кои исплаќаат минималец.

„Кој ќе работи ако социјалното е 12.000 денари, а јас колку што знам не е само кожарскиот сектор, и трговијата и текстилот е со плати од 12.000 денари. Сепак засега нема работници кои даваат отказ“, вели Лидија Милановска од Здружението на чевлари.

Социјалното скокна за 3 пати, и практично ќе се изедначи со минималната плата.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?