29 Март, 2024
0.0229

Дали е време за женски James Bond?

Објавено во: Стил 13 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Замислувате ли како би било кога следниот агент 007 би бил жена?

 Таква идеја сугерирал  британскиот актер Идрис Елба. 

Актерката Рејчел Вајс, сопруга на Даниел Крег( кој по петти пат ќе го глуми агентот 007) е против тоа. Таа во интервју за „Телеграф“ , изјави дека жените треба да имаат сопствени приказни.

„Флеминг посвети огромно време за пишување на овој лик, кој е исклучително машки и се однесува на одреден начин кон жените. Зошто да не креирате сопствена приказна, наместо да се споредувате со веќе измислени машки ликови? Жените се навистина фасцинантни и интересни и треба да ги добијат своите приказни”, изјави таа.

Се шпекулира дека новиот филм би можел да го режира Кристофер Нолан. Според некои медиуми филмот би можел да се снима во Хрватска, а се очекува да биде готов во ноември 2019 година.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи