25 Април, 2024
0.0292

Дали фирмите што се борат за опстанок ќе ги оставиме да “умрат“?

Објавено во: Економија 08 Март, 2018

Добивај вести на Viber

“Економијата се соочува со голем проблем, дали фирмите што се борат со потешкотии и финансиски проблеми ќе ги оставиме да умрат“ - ова за “Фактор“  го вели еден стопаственик од преработувачката индустрија, на прашањето како ги коментира владините мерки за поддршка на малите и средни бизниси. Владата ги обелодени мерките содржани во т.н “Трет столб на мерки за економски развој“. Се нудат субвенции и поволности, но се поставуваат и критериуми,  кои според дел од бизнисмените од трудоинтензивните дејност, ќе бидат тешко остварливи.

Дел од бизнисмните – разочарани?

Менаџерите од индустриите како преработувачката и текстилната не се воодушевени од владините мерки за поддршка на малите и средни бизниси. Според информации на “Фактор“ дел од луѓето од овоие сектори имале средби во Министерството за образование на кои се отворило горливото прашање – образованието од каде се регрутираат идните вработени во производството. Оваа информација ја потврдија од Кластерот за текстил.

“Во Министерството за образование ги изложивме проблемите со едукативниот систем и свеста за работа што веќе ја уништивме. Нам не ни требаат промени и реформи во факултетското образование, туку уште на почетокот, во основното образование. Нам не ни требаат популистички политики туку конкретни мерки со кои ќе се стимулираат вработувања во трудовоинтензивни дејности“ - вели Марјана Перковска, претседател на Кластерот за текстил.

Оваа индустрија заедно со преработувачката, според стопанствениците, се соочуваат со неколку проблеми, недостаток на кадар на пазарот на труд и  тежок пристап до поволни кредити.  Во обид да им помогне на малите и на средни бизниси, Владата го објави Третиот столб мерки за економски развој. Меѓудругото, со нив се предвидува финансиска подршка, до 30 отсто за трошоците за фирмите за отворање на хали, купување опрема и  воведување нови стандарди и квалитет  како и поврат на трошоците до 70 насто од инвестиција во брзорастечкните бизниси што ќе развиваат нов производ. Една од мерките е “бизнис партнерство“ на државата во стартап бизниси, со учество до масимални  25% во основачкиот влог.

„Кога компаниите се мали и ризични, државата детерминира средства во фондот и ќе влезе во нивниот капитал до 25 проценти од сопственоста. Државата тоа ќе го направи согласно критериуми и проценка од страна на стручен тим кој ќе ја процени идејата за развој на бизнис. Треба да се профитабилни, досега многу пари се потрошени во неспособни фирми, треба да се помогнат тие што ќе ја повлечат економијата“, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев на презентацијата на мерките за фирмите.

Додека од една страна се продолжуваат дел од досегашните модели за поддршка но се нудат и нови, дел од менаџерите во трудовоинтензивните дејности со резерва ја дочекаа оваа понуда со став дека се соочуваат со проблем во исполнување на  условите и креитериумите за да ги добијат поволностите што ги нуди Владата за малите и за средни бизниси. Дел од тие услови се и зголемување на профитот и на бројот на вработени.

“Овој тип на критериуми практично  е невозможно да ги исполниме, особено ние кои сме од индустриите кои се трудовоинтензивни. Ние сметаме дека еден од критериумите треба да биде профитот по вработен, односно да се вреднува продуктивноста. Зборувам за дејности кои вработуваат многу луѓе, и се ориентирани кои извоз. Сега поставените мерки имаат замка. Дополнително, се уште е отежнат пристапот до поволни кредити, кои пак се значајни за развој. Поради сето ова се наметнува прашањето какви економски политики сакаме да водиме, и дали фирмите со потешкотии ќе ги оставиме да умрат“ - вели Перковска.

Според информации на “Фактор“, за овие проблеми ќе биде запознаен и лично премиерот Зоран Заев, Имено, со писмен допис, менаџерите од овие индустрии ќе го информираат за проблемите но и за барањата. Едно од нив ќе биде и формирање на советодавно тело во чиј фокус би биле  состојбите во преработувачката индустрија.  Пред да ги објави мерките за малите и средни фирми, Владата го обзнани Законот за финансиска помош, со кој се таргетираат инвестициите на домашни и на странски фирми, за кои по различни основи се нудат различни модели на субвенцинирање.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди