29 Март, 2024
0.0317

Дали го знаете точниот одговор на трик-прашањето на добитникот на Нобелова награда за економија?

Објавено во: Економија 11 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Нобеловата награда за економија му е доделена на Ричард Талер од Универзитетот во Чикаго за допринес за подобро разбирање на психолошки и социјални механизми во донесување на одлуките на инвеститори и потрошувачи.

Талер еднаш постави прашање кое, во суштина го отсликува она што повеќето од нас не го разбираат кога се во прашање парите. Талер инаку е автор на популарната книга Nudge: Improving Decisions about Health, Wealth, and Happiness“.  Покрај економијата, ужива во голф и добро вино. Затоа не е ниту чудо што при една прилика на колумнист во Њујорк Тајмс му го поставил следното прашање за виното, кое всушност го открива нашето сфаќање за парите.

Пред да одговорите, правете се дека сте колекционер на вино, или барем некој кој купува квалитетно вино и го чува дома некое време, пред да го отвори.

Прашањето е следно:

„Колку би ве чинело да испиете флаша вино кое сте го купиле пред неколку години за 50 долари, а сега вреди 500 долари?“

Oдговорот има малку врска со виното а многу со економијата.

Прашањето илустрира колку луѓе ги мешаат основните поими: реални трошоци и потенцијални трошоци.

Реалните трошоци се она што веќе сте го потрошиле. Веќе сте дале пари за нешто, и не може ништо да направите за да се врати тоа. Мора тоа да го отпишете. Во овој случај, тоа се 50 долари кои веќе ги дадовте на флаша вино.

Потенцијалните трошоци се цена на избор на една акција во однос на друга-во овој случај тоа што избравте да испиете флаша вино а не да ја продадете за 500 долари, или дури и да ја задржите и продадете е по уште поголема цена во иднина.

Точниот одговор на прашањето е дека ве чини 500 долари да испиете флаша вино, бидејќи сте одбрале да уживате во него без да го пробате.

„Повеќето луѓе велат дека не ги чини ништо. Некои луѓе дури и велат дека „заработуваат“ пари пиејќи го тоа вино бидејќи ги чинело само 50 долари. Тоа е ментална пресметка“, објаснува Талер за Њујорк тајмс.

Луѓето не секогаш се рационални кога се во прашање пари. Купуваме многу а штедиме малку, бидејќи просечна личност не мисли за пари целосно рационално, како што тоа го прават економистите. Сепак, за почеток би можеле да прифатиме некои основни принципи на економијата како би биле на „вистинска“ добивка.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!