ДАЛИ ГРЕНЕЛ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА УЛОГА, ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИ: Најверојатно тој ќе треба да ја „реши“ војната Русија-Украина
Објавено во: Свет 23 Ноември, 2024
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува да го назначи Ричард Гренел, неговиот поранешен шеф на разузнавањето, за специјален пратеник за решавање на војната меѓу Русија и Украина.
Според информациите на Ројтерс од четири анонимни извори, Гренел би можел да одигра клучна улога во напорите на Трамп да стави крај на војната, доколку биде избран на таа позиција.
Трамп во моментов ја разгледува можноста за формирање специјална делегација за украинскиот конфликт, која досега не постоела. Сепак, одлуката се уште не е донесена, а Гренел не е единствениот кандидат за улогата. Дури и ако Трамп одлучи да му ја даде позицијата, не е гарантирано дека Гренел ќе ја прифати номинацијата.
Трамп за време на изборната кампања вети брзо решавање на конфликтот во Украина, но не ги откри деталите за својата стратегија. Минатите позиции на Гренел, како што е предлогот за формирање „автономни зони“ како потенцијално решение за конфликтот, може да предизвика загриженост кај украинските лидери. Исто така, Гренел не ја поддржа идејата за претстојното членство на Украина во НАТО, позиција што ја дели со многу сојузници на Трамп.
Кој е Ричард Гренел?
Ричард Гренел е американски дипломат и политичар кој е познат по блиската соработка со Доналд Трамп. Беше американски амбасадор во Германија, а во 2020 година накратко беше директор на Националната разузнавачка служба.
Тој имаше особено значајна улога како специјален претседателски пратеник за преговорите меѓу Србија и Косово. Гренел беше клучна фигура во процесот што доведе до потпишување на Договорот од Вашингтон во 2020 година, чија цел беше нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.
Гренел претходно беше во игра за функции на високо ниво во администрацијата на Трамп, вклучувајќи ја и функцијата државен секретар. Иако Трамп на крајот го назначи на други позиции, Гренел остана еден од неговите најблиски политички сојузници.
EPA-EFE/CLEMENS BILAN* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.