Дали Херсон ќе стане дел од Русија?
Објавено во: Свет 29 Јуни, 2022
Во Херсон ќе има референдум за припојување со Русија.
Воената администрација во окупираниот украински град соопшти дека се подготвува да одржи референдум.
„Да, ние се подготвуваме за референдум и ќе го одржиме“, рече Кирил Стремусов, заменик-шефот на воената и цивилната администрација.
Градот е целосно под руска контрола од почетокот на март. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе си ги вратат сите окупирани градови.
foto EPA/SERGEI ILNITSKY