29 Септември, 2024
0.0264

Дали и зошто спласна празничната еуфорија?

Објавено во: Македонија 31 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Откако почна пандемијата на коронавирусот, се чувствува и намалување на еуфоријата по повод празниците кои ни претстојат.

Дел од градовите во земјава се одлучија за поскромно украсување. Многу од граѓаните дома ќе ја дочекаат Новата година, а дел ќе заминат и на егзотични дестинации, секој според можностите. Психологот Наталија Наумовска објаснува дека има повеќе фактори кои доведоа до тоа да нема еуфорија како порано. Финансиите исто така играат голема улога, а јануари вообичaено е месец кога граѓаните се обременети со поголеми трошоци.

Еуфоријата по повод празниците за време на пандемијава се чувствува дека е спласната. Луѓето се попретпазливи, сакаат да им е украсено во домовите, но не им придаваат преголемо значење на новогодишните украси надвор по плоштадите. Воодушевувањето на светкавите сијалички на елките, насмевките разменети со Дедо Мраз и радоста за пакетичиња најмалите ја доживуваат со ист интензитет како претходно. Mногумина одлучуваат Новата година да ја прослават во домашна атмосфера во најтесно опкружување. Меѓу луѓето сепак има и такви кои одлучиле дочек да слават надвор од домовите“, вели психологот.

Таа додава дека за време на новогодишните празници се јавува и празничната депресија, посебно кај луѓето кои се сами или изгубиле некој близок.

„Таа не е нова појава, а како што кажува и самиот нејзин назив, се појавува во текот на празниците коишто се поттик луѓето да се чувствуваат поосамено и подепресивно. Од ваквата состојба особено се погодени оние кои изгубиле некој близок, неодамна излегле од романтична врска или пак се во странство и не можат да бидат заедно со своите најсакани за време на празниците. Пандемијата и последиците што ги предизвика во голема мера имаат влијание врз намалување на целата новогодишна еуфорија, но мора да се нагласи дека причинител за опаѓање на празничниот дух е и потешката финансиска состојба кај дел од граѓаните во изминатиов период. Ова се должи на повеќе фактори, меѓутоа мора да се нагласи дека сепак постојат и позитивни ставови кај луѓето кои покрај тоа што чувствуваат намалена еуфорија и одлучиле да бидат дома за дочекот, се надеваат дека во иднина ќе биде подобро, а тие самите ќе се потрудат годината што следува да си ја направат поубава од претходната. Убава е домашната атмосфера која може да биде магична и забавна дури и со намалена еуфорија ако знаеме како да го постигнеме тоа. Нека новата 2022 година на сите ни донесе најмногу здравје, среќа, мир и љубов бидејќи кога нив ги имаме и имаме со кого да ги делиме - имаме сè што ни треба“, објаснува Наумовска.

Откако почна пандемијата, дел од граѓаните ги изгубија своите работни места, а по Нова година, на повидок е нов бран поскапувања  поради зголемувањето на цената на електричната енергија.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство