25 Април, 2024
0.0293

ДАЛИ ЌЕ ПУКНЕ БАЛОНОТ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ - шпански експерт за цената и трендовите во Европа

Објавено во: Економија 23 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

И покрај енергетската криза и штедењето на кое сите прибегнуваат, пазарот на недвижности ќе остане стабилен. Цената на квадратите нема да падне во наредниот период, но сигурно ќе има стагнација, вели за „Блиц бизнис“ Френсис Хозе Фернандез Ариза, директор на Асоцијацијата за меѓународен бизнис со недвижнини на Шпанија - СИРА.

- Податоците покажуваат дека секаде се намалува бројот на клиенти. Само во Шпанија е помал за 15 отсто, а сличен тренд се забележува и низ цела Европа. На семејствата им е се потешко да издвојуваат средства за купување на недвижен имот, а сето тоа говори во прилог дека нема да има пад на цените на пазарот. Она што е сигурно е дека ќе придонесе за запирање на понатамошниот раст на цените и трендот забележан во Европа во текот на претходните две години - рече Ариза, одговарајќи на прашањето дали ќе пукне балонот на пазарот на недвижности.

Цените на недвижностите во Америка веќе почнаа да паѓаат, а јулската анализа на агенцијата SIP Global Ratings покажува дека и пазарот на недвижности во Европа благо забавува. Ариза тврди дека сето тоа говори за стабилизација, но додава дека кога е во прашање пазарот на недвижности, треба да се внимава со прогнозите.

- Едноставно е - купувачите и побарувачката го создаваат и трендот и цената - рече тој.

„Локацијата и квадратурата веќе не се најважни“

Зборувајќи за новите трендови во купувањето на недвижности, тој посочува на промени.

- Подобро купете дом со висока енергетска ефикасност, а ако не, тогаш видете дали другите работи ви штедат енергија - како прозорците, дури и растенијата. Високоефикасните домови се повеќе се ценат и бараат како што се зголемуваат цените на енергијата. Не беше толку важно во минатото, но сега е важно. Претходно, луѓето ја гледаа локацијата и квадратурата при купувањето. Сега гледаат на потрошувачката и ефикасноста – заклучи Ариза.

Блиц.бизнис

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди