12 Мај, 2025
0.0286

ДАЛИ ЌЕ СЕ КРОИ ЗАКОН СО КОЈ МЕЃУНАРОДНИОТ СЕРТИФИКАТ ЗА АНГЛИСКИ ЌЕ СЕ ЗАМЕНИ СО ОБИЧНА ПОТВРДА - опозициска партија алармира

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2025 12:11

Добивај вести на Viber

Опозициската партија Левица обвинува дека Владата законски ќе ги намали потребните квалификации за некој да биде избран на функционерска позиција, а тоа е, како што велат, за полесно да ги вработува своите кадри.  

„Наместо фалсификуваниот ТОЕФЛ сертификат на директорот на АНБ, Бојан Христовски, да биде повод за институционално расчистување со неписменоста и фалсификатите во државната управа, Владата избра да го легализира проблемот.

На 38-та седница, Владата донела срамен заклучок со кој ги задолжува министерствата да подготват измени на законите со цел задолжителноста на меѓународно признат јазичен сертификат за директорите да биде заменет со „обична потврда“ за познавање на англиски, француски или германски јазик – уверенија кои се без никаква реална проверлива вредност. Со овој чекор, Владата отворено признава дека нејзиниот главен проблем не е недостигот на кадри, туку недостигот на писмени кадри – а решението што го нуди е класичен обид за легализација на неписменоста, по мерка на партиската и корумпирана елита.

Оттука, власта наместо суштински и реформски измени во полза на народот - во собраниска процедура постојано турка закони по нивна мерка, во полза на нивните некадарни сопартијци, а не на народот. Сега, наместо измени на Законот за животната средина во насока на заострување на мерките против загадувачите - владата предлага измени со една и единствена цел: директорот на Управата за животна средина да не мора да поседува меѓународно признат јазичен сертификат. И ова не е прв ваков Предлог-закон, по овој шаблон се кројат и други закони, како што беше и Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој исто така се намалија стандардите за директор.

Левица најостро го осудува овој срамен обид за задоволување на клиентелистичките интереси на владејачката гарнитура, при што се разградуваат стандардите за стручност, отчетност и транспарентност при именување на раководни позиции. Особено симптоматично е што оваа пракса претставува директно продолжување на механизмот што со години го практикуваше поранешната власт предводена од ДУИ. Иако денес ДУИ не е дел од власта, ВМРО-ДПМНЕ очигледно ги презема истите методи за партиско вработување – сега институционализирани преку промени на законски норми. Наместо санкции за фалсификати, добиваме политичко прилагодување, со кое фалсификатот не се казнува, туку се унапредува во ново правило.

Левица потсетува дека неписменоста во институциите е симптом на длабок системски проблем: клиентелизам, непотизмот и партизацијата во сржта на државниот апарат. Овој чекор е уште една епизода во долгата серија на обесмислување на државата и нејзините институции – преку укинување на мерит системот и воспоставување режим на партиска послушност наместо професионализам!“, се вели во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ СРЕТНЕЛ СО МИЦКОСКИ ДА МУ ЈА ОБЈАСНИ ВИСТИНСКАТА СЛИКА: Се огласи Таравари

ЌЕ СЕ СРЕТНЕЛ СО МИЦКОСКИ ДА МУ ЈА ОБЈАСНИ ВИСТИНСКАТА СЛИКА: Се огласи Таравари

„ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАЛЕ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА“: Се огласи Меџити

„ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАЛЕ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА“: Се огласи Меџити

„ПОЛИЦИСКИ ЕКИПИ, УЈП, ДПИ И ОСТАНАТИ ИНСПЕКЦИИ ДЕНЕС ГО ТЕРОРИЗИРААТ КОЧАНИ, НА РАЗГОВОР ПОВИКАН РОДИТЕЛ НА ЖРТВА“: Костовски обвинува

„ПОЛИЦИСКИ ЕКИПИ, УЈП, ДПИ И ОСТАНАТИ ИНСПЕКЦИИ ДЕНЕС ГО ТЕРОРИЗИРААТ КОЧАНИ, НА РАЗГОВОР ПОВИКАН РОДИТЕЛ НА ЖРТВА“: Костовски обвинува

„ТРАМПАА БАЈАДЕРИ ЗА КОРНИШОНИ“: Димитриевски вели државата не смее да биде монета за поткусурување

„ТРАМПАА БАЈАДЕРИ ЗА КОРНИШОНИ“: Димитриевски вели државата не смее да биде монета за поткусурување

МУЦУНСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА ВО ШВЕДСКА: „Бев на утринска литургија“

МУЦУНСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА ВО ШВЕДСКА: „Бев на утринска литургија“

СЕ ЧЕКА ЗАВРШНО ПИЕЊЕ КАФЕ СО ТАРАВАРИ: „Се враќа во прегратките на Али Ахмети“, вели Мицкоски

СЕ ЧЕКА ЗАВРШНО ПИЕЊЕ КАФЕ СО ТАРАВАРИ: „Се враќа во прегратките на Али Ахмети“, вели Мицкоски

„ВРЕМЕВО Е ЛУДИЛО, КАКО ЗИМА ДА ЧЕКАМЕ“: Попоски предупредува на невообичаена снежна покривка на планините

„ВРЕМЕВО Е ЛУДИЛО, КАКО ЗИМА ДА ЧЕКАМЕ“: Попоски предупредува на невообичаена снежна покривка на планините

УШТЕ ЕДЕН МЕДИЦИНСКИ УСПЕХ ВО МАКЕДОНИЈА: Клековски се пофали, еве која нова интервенција ќе се изведува во земјава

УШТЕ ЕДЕН МЕДИЦИНСКИ УСПЕХ ВО МАКЕДОНИЈА: Клековски се пофали, еве која нова интервенција ќе се изведува во земјава

„СЛЕДНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА СКОПЈЕ НЕК СИ ПОТПИШАТ ИЗЈАВИ ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ“: Галетановски со став за идните градоначалници

„СЛЕДНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА СКОПЈЕ НЕК СИ ПОТПИШАТ ИЗЈАВИ ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ“: Галетановски со став за идните градоначалници