Дали ќе се промени климата на Балканот?
Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2019
Иако се зборувало за тоа дека Ел Нињо ја менува климата и на Балканскиот полуостров како и дека ни носи ледена зима и жешко лето, сeпак според метеорологот Џорџ Ѓуриќ, овој феномен нема позначајно влијание на нашите предели.
„Ел Нињо првенствено влијае на времето во Америка и Азија, односно во областите на Пацификот, а на Балканот има помало влијание“, вели метеорологот.
Според него, сегашните прогнози велат дека нè очекува просечна зима, но тоа не значи дека нема да има продор на ладна воздушна маса.
Германско-израелскиот тим на научници предупредува на враќање на климаткиот феномен Ел Нињо кој со себе носи големи последици.Ел Нињо веќе 150 години на период од две до седум години предизвикува промени вообичаени за временската ситуација, а настанува кога ветровите ќе ја намалат својата јачина кои дуваат во правец на екваторот на Пацификот од исток кон запад.
Инаку, минатиот месец е најжешкиот октомври регистриран досега на планетата, соопшти вчера европската Служба за климатски промени Коперникус.