25 Април, 2024
0.1418

Дали ќе успее ФЕНИ да си го наплати долгот од CUNICO RESOURCES од Косово?

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Долгот што го има Њу Ко Фероникели (New Co Ferronikeli) кон ФЕНИ во стечај може да не се наплати. Информациите од Косово велат дека она низ што поминуваше кавадаречки ФЕНИ пред речиси осум месеци сега се случува со косовски Фероникели. 

Според косовските медиуми, Њу Ко Фероникели има проблеми, работниците пред само пет дена ја добија мартовската плата и тоа благодарение на поврат на ДДВ. Според информациите, компанијата должи неверојатни 85 милиони евра и тоа најголем дел на добавувачите, кои сега ја блокираат сметката и бараат наплата на одамна задоцнетите долгови. Косовските медиуми известуваат дека фабриката е празна, нема никакви залихи и дека менаџментот претежно ги избегнува новинарските прашања, додека сопствениците се целосно недостапни. Гласни се само косовските власти, кои бараат начин како да ја спасат фабриката, која до неодамна беше и најголем работодавач во Косово. 

Информациите од медиумите велат дека на Косовски Фероникели имаат направено двојни залози на имот во интерес на меѓународниот конгломерат Трафигура, а од фамозните 66.5 милиони американски долари, врз основа на кои крајните сопственици односно Казахстанското Трио (Alexander Mashkevitch, Patokh Chodiev Alijan и Ibragimov) ја добиле во сопственост целата Кунико групација, косовската компанија не добила ни долар.  Во Македонија за казахстанските сопственици како и за менаџментот на ФЕНИ истрага водат и финансиска полиција и јавното обвинителство за организиран криминал, а обвиненијата се бројни: измама, злоупотреба на службена должност, криминално здружување, а директорот на Финансиска Полиција, Арафат Муареми, појасни дека на случајот работат и со холандските власти, каде што е регистриран Кунико Ресоурцес.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет