29 Март, 2024
0.0256

Дали короната остана рамнодушна на „слатките тајни“ на скопска „Европа“?

Објавено во: Економија 03 Март, 2021

Добивај вести на Viber

„Корона чао“ порача скопската кондиторска индустрија „Европа“ која лани во вонредни услови на стопанисување оствари раст на приходите кои надминаа 13 милиони евра при што на домашниот пазар ја подобри позицијата за 6 отсто до износ од 5,8 милиони евра во многу силна дури и нелојална конкуренција на странските компании, а на странските пазари ја задржа продажбата како претходната година и инкасира 7,2 милиони евра. Добивката лани порасна за 9 отсто до 1,43 милиони евра

Скопската кондиторска индустрија „Европа“ покажа дека е бренд врз кој ниту корона кризата не може да влијае негативно, потврдуваат финансиските резултати остварени лани. Најстарата македонска кондиторска компанија лани оствари приходи од продажба во износ од 13 милиони евра што е за 4 отсто подобар резултат од претходната година.

„Европа“ лани на домашниот пазар забележи пристоен раст на приходите од продажба. Зголемувањето е за 6 отсто во однос на 2019 година, а износот е 5,8 милиони евра. Извозот и лани е поголем од продажбата дома. Изнесува 7,2 милиони евра со раст од 1 отсто во услови на бројни ограничувања кои ги предизвика здравствената пандемија.

Оперативните расходи на „Европа“ лани бележат раст за 6 отсто во споредба со 2019 година и изнесуваат 12,09 милиони евра. Повеќе од половина од оперативните расходи отпаѓа на најголемата ставка – трошоци за суровини и други материјали. За тоа компанијата лани платила 6,5 милиони евра и тоа е за 9 отсто повеќе од претходната година. Друштвото минатата година ја заврши со оперативна добивка од 1,37 милиони евра што е 10 отсто од оперативните приходи на друштвото.

Добивката на „Европа“ изнесува 1,43 милиони евра и во споредба со 2019 година бележи раст за 9 отсто. Тоа значи дека добивката по акција изнесува 5,6 евра односно 344 денари.

Акцијата на „Европа“ не е меѓу најликвидните акции на нашата берза иако е барана хартија од вредност. Последната пазарна цена на таа акција изнесува 3.300 денари и е постигната на 28 декември 2020 година. Најголем акционер во „Европа“ се скопските шпедиции „Фершпед“ со 21,8 отсто и „Макошпед“ која поседува 19,9 отсто од акциите. Трет по големина акционер е кичевската трговска фирма „АС Сењак“ со 18 отсто. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра