19 Април, 2024
0.2601

ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ-Трета епизода: Скопје наскоро град со милион жители- лошо испланирана урбанизација

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

„Паметна урбанизација или непромислена бетонизација“- вака насловена заврши третата епизода од серијалот „Дали личиме на ЕУ“ документарни филмови на Балкон 3. Скопје е брзорастечки град веќе седум децении. Додавајќи по стотина илјади нови жители на секои десет години, градот и регионот околу него, скопската котлина, се се поблиску до тоа да станат дом на еден милион луѓе. Но, во последните дваесетина години, растот на Скопје се одвива токму на начинот што се смета за најштетен – со згуснување на урбаните зони.

Дали станува збор за пренаселеност или само за лошо урбанистичко планирање, откриваат податоците. 84.516 станови се изградиле во земјава од 2005 до 2019. Од нив, 37.587 се во Скопје и уште 3.606 во околните општини на скопскиот регион. 49% од сите станови во последните 15 години се направени во подрачјето на главниот град.

Кои се разликите меѓу Скопје и Минхен во однос на урбанизацијата?

Искра Јанковска Михајловска, архитект и активист на Здравје пред профит во
Центар
: Скопје не е пренаселен град. Во моментов е лошо испланиран. На некое детско игралиште, ако вашето дете не може да дојде на ред за лулашка, тоогаш имаме погрешна урбанизација. Ако не можете да се паркирате на местата предвидени за вашата зграда, и тогаш говориме за погрешна урбанизација. Кавгите со соседите и нервозата која ја создаваат за
обични секојдневни потреби се неминовни.

Елизабет Мерк, раководителка на секторот за урбанистичко планирање на Минхен: Кога еден град ќе порасне за 300.000 жители за 20 години, тоа значи дека ни треба нова социјална инфраструктура, градинки, училишта, болници, но исто така зелени и слободни простори, како и еколошка одржливост. Јавен простор. Какви можности ќе имаат луѓето за да го поминат
своето слободно време блиску до дома? Здравиот урбан развој игра многу голема улога.

Целата епизода во продолжение:


Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните