25 Април, 2024
0.0297

Дали на ЦО на СДСМ се зборувало и за најновиот случај со рекетирање на бизнисмени?

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Донесена е Декларација со која се дава поддршка на највисокото раководство на СДСМ, но и останатите институции да продолжат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и за јакнење на правната држава, изјави денеска генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски по завршување на седницата на ЦО на партијата. 

„Последните случувања покажуваат дека постои целосна заштита и нов механизам, кој функционира на релација граѓани - обвинителство - МВР, кој може да се справи со криминал и корупција“, вели Николовски.

Рече дека СДСМ како одговорна партија нема да дозоволи закочување на реформите, напредокот и правдата, како што прават Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски, прашан дали на состанокот на ЦО биле присутни „Кики“ и „Фрики“, двајцата функционери за кои новинарот Бранко Геровски пишуваше дека рекетирале со Боки 13 и Зоки Кичеец, одби да одговори конкретно, велејќи дека имало многу присутни, од пратеници до градоначалници во салата.

„ЦО на оваа политичка партија, е целосно растеретен од оние кои доаѓаат на преговарачка за одбрана на криминалот. Ние даваме поддршка за борба против корупцијата и криминалот“, рече Николовски.

Запрашан дали високи функционери на СДСМ се вмешани во „Рекет“ Николовски нагласи дека партиската припадност никого не амнестира од криминал.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот