25 Април, 2024
0.0284

Дали на повидок е конечна разрешница за ФЕНИ?

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

На повидок ли е разрешница на судбината на ФЕНИ Индустри? Пред осум месеци повеќе од 800 вработени се подготвуваа за најлошото сценарио, да го изгубат своето работно место. Со иста судбина беа и голем број големи и мали македонски претпријатија. ФЕНИ не е која било компанија, туку до пред неколку години беше еден од економските двигатели во земјава.

Оваа ситуација следеше по најавата на Кунико Ресурсис да го запре производството и најави дека се повлекува од компанијата и во рок од еден ден ја продаде на бугарскиот инвеститор Енекод. На ова изреагираа банките кредитори со барање до новиот инвеститор да достави доказ за финансиска способност да ги сервисира долговите на компанијата кои изнесуваа околу 70 милони евра. Речиси три месеци траеја преговорите, во кои банките инсистираа најавениот инвеститор да започне барем со исплата на платите на вработените, за да покаже добра волја и на тој начин да ја покаже својата подготвеност за санација на долговите, но вработените плата за септември и октомври не добија ниту од Кунико, ниту од Енекод. Во јавноста се лицитираше со понуди за преземање со намалена вредност на долговите, на што реагираа најголемите доверители, а во меѓувреме се појавија уште две компании заинтересирани за ФЕНИ.

Во истиот период, во јавноста излегоа уште бројни други информации, дека Кунико всушност бил обврзан со судска одлука уште во 2016година, со која и се стекнал со мнозинска сопственост во фабриката, под услов да инвестира 66.5 милиони американски долари во ФЕНИ и во другите преработувачки капацитети во групацијата, но дека во ФЕНИ не стигнал ниту долар од овие средства. Со тоа започнува и почетокот на крајот на ФЕНИ Индустри, иако потоа Кунико ќе се обиде да ја симне одговорноста од себе, фрлајќи вина на сите, па дури и на Република Македонија. А всушност, токму врз база на оваа гаранција банките биле толерантни спрема ФЕНИ, се додека не се обиделе да ги наплатат одамна задоцнетите и натрупани побарувања, и сфатиле дека гаранциите се повлечени по завршетокот на 2016 година.

Истовремено, излегуваат на виделина и бројни неправилности за работењето на ФЕНИ. Малцинскиот акционер на Кунико покренува кривична пријава против раководството, директорот на ФЕНИ, Јусуф Мирамедов, преку ноќ ја напушта државата, доверителите започнуваат претстечајна постапка. Во овој процес се дознава дека ФЕНИ веќе две години не поднесува годишен финансиски извештај, а Финансиската полиција поднесува кривична пријава против раководството на Кунико, но и започнува здружена истрага заедно со холандските власти. По отворањето на стечајот, кој беше најавен дека ќе се решава преку реорганизација, вработените ги задржуваат своите работни места и своите плати. Три фирми беа заинтересирани за ФЕНИ: швајцарски ГСОЛ, бугарски Енекод и француско-израелски Фонд. Услов за отпочнување на соработка со најголемите доверители и заедничка изработка на план за реорганизација беше да се достави депозит од 3 милиони евра за да се покаже сериозност во целиот процес. Од трите фирми, само ГСОЛ доставува депозит.

За да се заштити стечајната маса и притоа да не се  наталожат нови долгови, Одборот на доверители на ФЕНИ одлучува фабриката да започне да работи и бара компанија која може да го почне производството и притоа ќе гарантира за финансиска стабилност на ФЕНИ во услови на стечај. На огласот за производство на руда повторно се јавува единствено ГСОЛ. По склучениот договор како заинтересирана компанија се појавува и бугарски Минстрој, кој тврдеше дека е подготвен да ги откупи целокупните долгови на ФЕНИ. Во трката за преземање на ФЕНИ, ГСОЛ успева да ги откупи побарувањата на најголемите доверители и започнува процес на преговори со сите доверители. Тоа не го стори Минстрој кои Злетово и Тораница ги добија во фаза на ликвидација, а не во стечај. Кунико пак, се реши за меѓународна арбитража на која ја тужи Република Македонија, а по неуспехот со Енекод и Минстрој, на помош ја повика и антикорупционерката Слаѓана Тасева, до која како претставник на Транспаренси Интернешанал-Македонија, доставиле преставка, заради што Тасева инстант се реши да поднесе кривични пријави против стечајниот управник и стечајниот судија.

Во меѓувреме ФЕНИ повторно проработи. Од месец март, повторно почна да излегува фероникел од печките, вработените земаат плати, сега двојно поголеми од оние додека фабриката беше во мирување, а кон крајот на истиот месец ГСОЛ во целост ги исплати банките чии побарувања изнесуваа речиси 40 милиони евра, но продолжи и со откуп на останатите побарувања, од кои веќе над 85% се откупени.

Можеби ќе ве интересира

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив