Дали настаните од 27 април ги одвратија инвеститорите?

Објавено во: Економија 01 Септември, 2017
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев вели дека Македонија беше во една сериозна криза целата прва половина од оваа година и таа политичка криза имаше влијание врз странските инвеститори.
Според него, ова е причината зошто странските инвестиции се намалени.
„Разговарав со сите странски инвеститори кои имале желба да дојдат во Македонија и можам да кажам дека не е вистина дека нема странски инвеститори и дека нема интерес. Напротив сите тие го поздравуваат концептот на транспарентна помош. Секоја компанија ќе знае што и следува, ќе бидат стимулирани сите креирања на работни места што ќе даваат поголеми приходи на вработените, посебно ќе се обрне внимание на високо квалификуваниот работен кадар. Има голем број на странски инвеститори кои се заинтересирани сега по соопштувањето на мерките на новата Влада да дојдат и да инвестираа“ - вели Анѓушев.
Рече дека ја информирал македонската јавност и дека ги повикал странските инвеститори во Македонија и сите коишто се заинтересирани да дојдат и дека имале плодни разговори.
Анѓушев додаде дека ќе ги поддржат и македонските компании затоа што тие дивиденти ќе останат во Македонија, без разлика дали тоа е капитал на компаниите или на сопствениците на компаниите за коишто повторно треба да платат данок во Македонија.Тој вели дека парите на домашните компании ќе останат во државата, што не е случај со странските.
Можеби ќе ве интересира
Откако Индија забрани извоз на житарици, цените скокнаа

Цената на „црното злато“ е највисока во последните седум недели

За првпат имале помалку невработени отколку слободни работни места

Инфлацијата е најголемата грижа на Германците – се бараат производи на попуст, а се штеди и на енергија

АСО реши 4 пати повеќе претставки во корист на осигуреници
ДЕН КОГА САУДИСКИОТ ГИГАНТ ГО ТРУНА ЕПЛ ОД ТРОНОТ: Вака „Aramco“ стана највредната компанија во светот
