25 Април, 2024
0.0329

Дали навистина Грците имаат План Б ако Договорот од Преспа не успее?

Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во Грција можно е да има план Б за Договорот од Преспа. 

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, по средбата со американскиот државен секретар за одбрана, Џејмс Матис во Вашингтон изјавил дека Договорот од Преспа нема да се ратификува во Македонија, а референдумот во државата покажал дека мнозинството од граѓаните не го поддржуваат. 

Алтернативниот план на Каменос како што пренесуваат дел од грчките медиуми се состои од исполнување на геополитичките цели вклучени во Преспанскиот договор без при тоа да се допре прашањето за името. Потпишувањето на договорите би било меѓу Грција, Бугарија, Албанија и Македонија, а подоцна би се вклучила и Србија. Каменос смета дека на тој начин би се спречило руското влијание на Балканот, би се зајакнала стабилноста на балканските земји меѓу кои и на Македонија, а во иднина ќе се решава за името на земјата.

„Сметам дека во рамки на оваа политика, следниот чекор ќе биде потпишување заеднички одбранбени договори, на ниво на меѓудржавни договори, што ќе помогнат во решавање на проблемите, но и суштински во градењето на енергетската политика на поширокиот регион“ - изјави Каменос. 

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос по оваа изјава рече дека предлозите на Каменос не биле доставени до Владата на Грција и во никој случај не можат да бидат план Б за Договорот од Преспа. Тој е сигурен дека договорот ќе помине со широко парламентарно мнозинство.

„Грчката влада останува посветена на Договорот од Преспа. Ги почитува уставните процеси во соседната земја и ги поддржува напорите на господинот Заев да ги имплементира предусловите за Договорот да стапи во сила"- коментирале за агенцијата АНА-МПА, извори од кабинетот на грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија, Јоргос Кумуцакос, на неговиот Твитер профил коментираше дека Грција е „единствената земја на планетата со двајца министри за надворешни работи”, изјави дека „политичката и дипломатска шизофренија на владата во прашањето со Скопје, не само што продолжува, туку сега се извезува и на меѓународно ниво” и достави пратеничко прашање, во кое бара одговори од Никос Коѕијас, јави дописничката на МИА од Атина.

Изјавата на Каменос сепак привлече внимание во грчката јавност. 

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)