26 Април, 2024
0.0292

ДАЛИ НЕ Е МОРАЛЕН ХАЗАРД ОБЕШТЕТУВАЊЕТО ЗА ГЛОБАЛ - штедачите од Еуростандард со прашање до власта

Објавено во: Финансии 22 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Штедачите од пропаднатата Еуростандард банка со реакција зошто Владата се вклучи во обештетувањето на изгорените дуќани во трговскиот вентар Глобал.

„Пожари се случуваат постојано во нашава држава. Горат дуќани, станови, куќи. Пожарите прават материјални штети а некогаш носат и човечки животи. Семејства остануваат без покрив над главата, ги губат своите живеалишта во целост, остануваат на улица. Губат се што имаат, за да потоа се надеваат дека некој ќе им помогне. Доброволна помош стигнува, но не е секогаш доволна за да се санираат направените материјални штети и доживеаните трауми.

Само изгорените приватни дуќани во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица ја имаат таа среќа да бидат целосно санирани. Експедитивно, Владата донесе заклучок со којшто им наложи на јавните претпријатија основани од државата да донираат средства на Здружението на граѓани Обнова на Глобал за целосно да се реконструира опожарениот трговски центар. Во листата на ‚обврзани' финансиски да помогнат се акционерски друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции. Дали е ова морален хазард?“ прашуваат штедачите.

Се интересираат и дали Светска банка и ММФ дадоа согласност и го поддржаа овој заклучок на Владата да наложи санирање на приватен објект со државни пари, како и дали сите приватни изгорени и оштетени објекти во државава ќе добијат финансиска помош од државните институции за секој настанат пожар којшто ќе предизвика штета?

„Депозитите на околу 3.000 граѓани и фирми депоненти во Еуростандард банка изгореа во невиден ‚пожар'. Поминаа повеќе од пет месеци од затворањето на банката. Минато време во немир, неизвесност и агонија. Навидум, никој сеуште не знае што се случило или каде завршиле парите, кој ги украл ниту пак дали некој ќе одговара за криминалот. Масовен организиран грабеж на депозитите што се спроведувал од познати лица на раководни позиции во Еуростандард банка со амин и под ‚будното' око на Народна Банка. Повеќегодишна кражба толерирана од Народната банка и релеванти државни органи кои иако известени за криминалот не делувале воопшто. Исходот е добро познат, затворена банка и целосно ограбени граѓани и фирми.

За разлика од експедитивната финсиска помош од државни институции за обнова на изгорените приватни дуќани во Глобал, оштетените физички и правни лица од Здружението Правда за штедачи го немаа тој третман од Владата. Имено, оштетени од масовниот грабеж во банката со знаење но толерирање од Народна банка и релевантни државни органи, минатата година се обратија до Владата за решавање на ова горливо и мачно прашање, но вратите им останаа затворени. Премиерот Заев првично ги поддржи, за да потоа по некое време го промени ставот и категорично ги одбие со оправдување дека се работи за морален хазард за којшто наводно бил советуван од меѓународни финансиски институции, поради којшто државата неможе никако да им помогне.

Денес се чувствуваме излажани, понижени и гневни поради двојните аршини во нашата држава. Во истата таа држава ги доверивме нашите тешко спечалени пари кои неретко се надвор од неа печалени и потоа испраќани да бидат инвестирани во истиот тој систем кој на крајот не изневери.

Државата може да помогне во Глобал, но не може и не смее да помогне во случајот со Еуростандард банка. Околу 3.000 семејства го изгубија својот личен имот доверен во законски лиценцирана, регулирана и контролирана финансиска институција која е свесно и брутално ограбена. Тешка судбина на илјадници семејства кои се оставени на немилост од системот на државата којшто ја толериралa кражбата на депозитите кога се крадело со години, а ја толерира и денес кога не прави ништо да се открие вистината, казнат сторителите и да се вратат украдените пари. Едноставно, Владата е мајка за едни а маќеа за други. Не така одамна од владејачката партија се родија паролите Живот за сите и Едно општество за сите. Изгледа дека овие пароли веќе одамна починаа“, велат штедачите во својот последен допис.

Тие за крај прашуваат дали Владата ќе ја санира и штетата од „пожарот“ во Еуростандард банка или ќе продолжи да го игнорира и толерира, како што тврдат, криминалот направен во банката?

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот