25 Април, 2024
0.0270

Дали неочекуваниот катализатор на дигитализацијата - Covid -19, засекогаш ги промени нашите навики?

Објавено во: Мои пари 15 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Веќе седум месеци од како пандемијатасо Covid - 19 започна да се шири во нашата земја и истата беше фактор кој нè мотивираше сите нас во овој период на некој начин да промениме некои навики кои сме ги имале претходно. Познато е дека за да се создаде било каква навика се потребни само 21 ден, па така го имавме целото време пред себе да го промениме животниот стил на подобро. Од воведување на здрави рутини во исхраната и спортувањето, усовршување на некои вештини и знаења, па се до најзначајните промени во начинот на кој работиме, учиме и ги извршуваме секојдневните обврски.

Од сите овие новини, неповратен исход од пандемијата за луѓето е огромното влијание во online купувањето и другите виртуелни активности. Луѓето поминаа повеќе време од кога и да било пред своите екрани, гледајќи телевизија, учествувајќи во социјалните мрежи, играјќи онлајн игри и купување. Во април во едно истражување на Forester една петина од американците за прв пат плаќале онлајн што ни ја посочува пандемијата како тригер за почеток на некои новидигитални навики.

Дигиталното искуство на корисниците на А1 Македонија

А1 Македонија како предводник на дигиталната трансформација во земјата, уште пред почетокот на пандемијата имаше подготвено платформи, производи и услуги кои би го овозможиле ова дигитално корисничко искуство. Но, воведе и нови предводени од неочекуваните промени.

Корисниците на А1 Македонија практично сите потребни активности можат да ги извршуваат преку дигиталните алатки на компанијата. Од надополнување кредит, активирање на пакети, плаќање на сметки, па се до купување на мобилен телефон по повластена цена, се дел од можностите кои ги нудат дигиталните решенија на А1 Македонија.

Една од тие алатки е апликацијата Мојот А1 која е усовршена сè со цел да биде централизирана секоја активност на корисникот. Овозможува менаџирање на сметките, увид во состојбата на искористени пакети, проверка на остварениот сообраќај, активација на пакети, префрлање на кредит и дополнување на кредит, информации за тарифниот модел, и валидноста на договорот., а во исто време е и едноставна за користење и навигација. Понатаму голем дел од еднократните бенефити, како дополнителни беслатни гигабајти интернет, се ексклузивни само за корисниците на апликацијата.

Покрај постоечките, сите нови заинтересирани корисници можат од комфорот на својот дом да ја посетат А1 Live shop, првата виртуелна продавница на пазарот, и одблиску сосема релано да се запознаат со сите производи и услуги кои ги нуди компанијата. Со помош на разговор со А1 агент во живо, може да се добијат детални информации за понудата на А1 како и во било кој продажен салон.

Од неодамна компанијата го усоврши и виртуелниот асистент Славчо кој покрај вече постоечката функционалност со која им даваше прпораки на корисниците при избор на нов телефон, веќе е усовршен да ги извршува сите асистирања како и Агент од одделот за грижа за корисници. Тој е оспособен да пружа помош и техничка поддршка за користење на мобилни и фиксни услуги на А1- интернет, телефонија и телевизија, да помага при плаќање на месечни сметки, , да ја провери состојбата на сметка и да надополни кредит на корисниците, да Активира и деактивира услуги и пакети, како и да дава информации за тарифи и промоции.

Но дали овие навики се тука додека е и пандемијата или ќе останат да живеат со нас и потоа?

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имале отпорност кон технологијата и започнале повеќе да ја користат во овој период, сега им се допаѓа и сакаат да продолжат да ја користат.Во глобално истражување на Bain консултанската компанија, 95% од испитанците рекле дека планираат да продолжат со користење на е-банкинг услугите и по пандемијата. Овие бројки околу понатамошно користење на онлајн услугите, не се разликуваат многу ниту во нашата земја. Во податоците на Народна банка на Република Северна Македонија, во 2020та година имаме пораст на реализираните онлајн трансакции за 36% во споредба со 2019та година, а неофиицијалните податоци велат дека над 70% во земјата ќе продолжат со користење на овие услуги и во иднина.

“Бројот на корисници на мобилната апликација е во континуиран пораст, од над 30 проценти, година за година. Интересно е што бројот на трансакции направени преку мобилната апликација е двојно зголемен, што значи дека веќе активните корисници, речиси сите трансакции ги завршуваат на мобилната апликација. “ велат од А1 Македонија

Исто така има и тенденција на замена на недигиталните искуства со виртуелната опција на истите.

“Корисниците веќе го познаваат Славчо, а неговото враќање навистина е одлично прифатено. Само во првите 12 часа по пуштањето на новото решение имавме дури 20.000 разменети пораки, а најголемиот дел посети беа преку нашата Веб страница.” Велат од А1 Макеоднија за виртуелниот асистент Славчо.

Неизвесно е до кога ситуацијата со Covid 19 ќе трае во светот, но повеќе од сигурно е дека промената во корист на дигиталните навики е во еден правец. Останува компаниите во нашата земја, како што е А1 Македонија, да го следат овој пат и да бидат дигитални фасилитатори на своите сегашни и идни корисници.

Комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка