10 Јули, 2025
0.0307

Дали Николоски денес најави ново задолжување од 500 милиони евра од Унгарија?

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2025 12:13

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот Алекандар Николоски утрово на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, најави Договор за стратешка соработка меѓу Владите на Македонија и Унгарија.

Поздравувајќи го потпишувањето на овој стратешки документ, вицепремиерот Николоски истакна дека соработката меѓу двете земји се издигнува на повиско ниво и истиот ќе донесе многу придобивки за Македонија преку реализација на нови инфраструктурни проекти. 

“Овој стратешки договор со Унгарија е многу значаен во време на огромни политички и економски предизвици за Македонија. Партнерството носи само бенефит а соработката со Унгарија никогаш не била на повисоко ниво.Договорот дополнително ќе ни донесе нови проекти во инфраструктурата и верувам дека оваа соработка што ја имаме со Унгарија ќе ја продлабочуваме во периодот што следи”, рече по средбата вицепремиерот Николоски.

Во март премиерот Христијан Мицкоски најави нов кредит од 500 милиони евра кој ќе го земе владата. Премиерот рече дека новите 500 милиони евра ќе биде заем од европска држава, но не сакаше да каже која е таа држава и дали тоа можеби не е пак Унгарија. Освен дека се работи за држава од Европа.

Според зборовите на премиерот, тие половина милијарда евра ќе бидат вложени во реконструкција на локални, регионални и експресни патишта. „Ќе се поврзуваат општина со општина со локални и регионални патишта“, рече Мицкоски.

Владата веќе се задолжи една милијарда евра од Унгарија. Петстотини милиони се искористија за враќање на еврообврзницата, а 250+250 за општините и за бизнисот.

Но што ќе значи ова позајмување за јавниот долг?

Од една страна, како што наведува ММФ, буџетскиот дефицит го надмина плафонот од 3 проценти од БДП во фискалните правила, додека јавниот долг е во нагорен тренд и надмина 60 проценти од БДП во 2024 година – 14 процентни поени над нивото пред пандемијата.

„Клучна е веродостојната фискална стратегија за враќање на усогласеноста со фискалните правила, за зачувување на кредибилитетот за одржување на пристапот до меѓународните пазари на капитал, за создавање простор за инвестиции и зајакнување на отпорноста на идните шокови“, препорача ММФ.

Сигурно е дека јавниот долг ќе се зголеми со новото задолжување, но колку, тоа ќе се знае во моментот на задолжувањето.


Можеби ќе ве интересира

Нагло ќе поскапе кафето во САД ако царините на Трамп за увоз од Бразил останат

Нагло ќе поскапе кафето во САД ако царините на Трамп за увоз од Бразил останат

Цените на суровата нафта се намалија за два проценти - што ќе направи ОПЕК?

Цените на суровата нафта се намалија за два проценти - што ќе направи ОПЕК?

НИ ПРОЗОРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ ИСТИ: Која е земјата која воведува нови стандарди за становите?

НИ ПРОЗОРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ ИСТИ: Која е земјата која воведува нови стандарди за становите?

Русија се соочува со предизвици: Индустриското производство се забавува

Русија се соочува со предизвици: Индустриското производство се забавува

Колку навистина чини живеењето во Германија: Овие места се најскапи

Колку навистина чини живеењето во Германија: Овие места се најскапи

ИЗГЛАСАНА СУСПЕНЗИЈА ЗА АНГЕЛОСКИ ОД ССКМ?! - претседателот тврди дека извршната директорка е суспендирана

ИЗГЛАСАНА СУСПЕНЗИЈА ЗА АНГЕЛОСКИ ОД ССКМ?! - претседателот тврди дека извршната директорка е суспендирана

Атлантик ја презема словенечката компанија зад брендот паштета Кекец

Атлантик ја презема словенечката компанија зад брендот паштета Кекец

МАГАЦИН НА „ФРИКОМ“ ИЗГОРЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО: Испораките се прекинати, се проценува штетата

МАГАЦИН НА „ФРИКОМ“ ИЗГОРЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО: Испораките се прекинати, се проценува штетата

УПОЗ: Рекорден број на 730 огласи за вработувања пред локалните избори

УПОЗ: Рекорден број на 730 огласи за вработувања пред локалните избори