28 Март, 2024
0.0252

Дали новиот данок ќе го намали аерозагадувањето?!

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во собраниска процедура е новиот Закон за данок на моторни возила, со кој согласно практиките од земјите - членки на Европската унија оданочувањето на моторните возила покрај врз основа на нивната вредност ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 изразена во грамови по километар. Ваквиот начин на оданочување на патничките автомобили претставува новина во нашиот даночен систем. Имено, до сега не постоеше посебен данок на моторни возила, а патничките автомобили имаа третман на акцизни добра и на нив се плаќаше акциза, само врз основа на нивната вредност.

Со Законот за акцизите („Службен весник на РСМ“ бр.108/19 и 143/19) кој треба да се применува од 1 јануари 2020 година, патничките автомобили не се предмет на оданочување. Од таа причина, досегашната акциза на патнички автомобили ќе се „замени“ со данокот на моторни возила. Со предложениот текст од новиот Закон за данок на моторни возила треба да се уреди оданочувањето на моторните возила кои се наменети за употреба на територијата на нашата држава, односно со него се уредуваат настанувањето, пресметувањето и плаќањето на данокот на моторни возила, правата и обврските на обврзниците за плаќање на данокот на моторни возила и надлежностите на царинскиот орган во врска со данокот на моторни возила.

Имајќи го предвид предложениот текст на Законот за данок на моторни возила кој се наоѓа во собраниска процедура, а имајќи ја предвид актуелната состојба со аерозагадувањето, за поздравување е фактот дека се предвидува оданочување на моторните возила покрај врз основа на нивната вредност и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид. Но, ако се разгледаат решенијата кои се предвидуваат во текстот на предложениот Закон, спорно е дали со овој закон ќе се постигнат позначајни цели во овој контекст, заради две причини.

Прво, согласно предвидената формулација во Предлог-законот на Владата и ` се дава надлежност да го пропишува начинот на пресметка на данокот на моторни возила и да ги утврдува износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила.

Претходното е спорно, од причина што законот мора да ги содржи основните елементи на даночно-правниот однос и покрај субјектите на даночно-правниот однос, даночниот објект, даночната основица, даночните ослободувања и олеснувања, во закон мора да се пропишани и даночните стапки, односно износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила .

Од вака предложената одредба во која недостигаат даночните стапки јавноста не може да се увери во исправноста на концептот, бидејќи на овој начин не може да се утврди износот кој би требало да го плаќаат деловните субјекти и граѓаните, што создава правна несигурност. Предложеното решение не нуди можност за споредба на новото даночно оптоварување на различни категории патнички возила со данок на моторни возила, со постојното даночно оптоварување со акциза на патничките автомобили. Оттаму, не може да се претпостави, ниту да се утврди дали и какви ефекти ќе се постигнат со промените, односно дали новото решение ќе ги даде посакуваните резултати од фискален аспект и од аспект на заштита на животната околина.

За споредба, тоа е исто како да се предлага Закон за данок на додадена вредност или Закон за данок на добивка, а во истите да не се пропишани даночните стапки.

ДАЛИ НОВИОТ ДАНОК ЌЕ ГО НАМАЛИ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО?!

Второ, вредно е да се истакне дека во новиот Законот за данок на моторни возила се предлага само патничките возила, мотоцикли и скутери, трицикли и четирицикли кои се движат исклучиво со електричен погонски мотор да не се предмет на оданочување со данок на моторни возила.

Досега патничките автомобили на хибриден погон беа ослободени од акциза, а согласно пропишаното, истите ќе се оданочуваат со новиот данок.

Доколку предлагачот на новиот закон се води од намерата со предложеното решение да се постигнат одредени цели поврзани со намалување на аерозагадувањето, тогаш ваквиот предлог е неразбирлив, особено кога станува збор за возила кои се хибридни, а кои се приклучуваат на надворешен извор на електрична енергија „plug-in“.

Хибридните возила кои се приклучуваат на надворешен извор на електрична енергија „plug-in“ имаат целосно електричен досег на возење од околу 30 до 80 км, зависно од моделот, што значи дека во градски услови на возење, тие не се критични од аспект на загадувањето и истите можат да се употребуваат и третираат како целосно електрични возила. Уделот на продадени нови хибридни возила со приклучување на надворешен извор на електрична енергија „plug-in“ во вкупната продажба на нашиот пазар е се` уште многу низок и истиот треба да се стимулира. Имајќи предвид дека производната цена на хибридните возила со приклучување на надворешен извор на електрична енергија „plug-in“ е висока во споредба со другите возила, нивното оданочување со новиот данок на моторни возила ќе ја зголеми нивната цена (дополнително, на поголемата основица ќе се плаќа и повеќе по основ на ДДВ) и веројатно ќе ја дестимулира продажбата на истите.

Оттаму, во Собранието потребно е да се отвори сериозна дебата како во однос на вклучувањето на даночните стапки во новиот Законот за данок на моторни возила и нивно утврдување на ниво кое ќе овозможи постигнување на одредени цели во насока на заштита на амбиенталниот воздух и намалување на аерозагадувањето, така и во однос на потребата од изземање од оданочување на патничките возила кои се движат на хибриден електричен погон со можност да бидат полнети со приклучување на надворешен извор на електрична енергија „plug-in“.


Извор: Стопанска комора на РМ

Можеби ќе ве интересира

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD