29 Март, 2024
0.0265

Дали Пендаровски ќе ја почитува „Зелената заклетва“ - Загадувањето тема на Советот за безбедност

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Македонскиот претседател Стево Пендаровски по повеќето прозивки од страна на граѓанските и невладините здруженија за заштита на животната средина одговори позитивно на барањата и вети дека темата за загадувањето ќе ја стави на агендата на Советот за безбедност. Тој при средбата со нивни претставници посочи на потребата од меѓусебна координација и целосна вклученост на сите надлежни органи. Исто така Претседателот изрази подготвеност да ги поддржи сите граѓански иницијативи што се во функција на надминување на овој проблем и да помогне во нивната комуникација со надлежните институции.

„Загадената животна средина не засега сите и затоа мора овој проблем да го решаваме преку соработка и поинтензивна меѓусебна координација. Од исклучително конструктивната средба со граѓанските организации произлегоа неколку иницијативи. Заштитата на животната средина ќе биде точка на Советот за безбедност кој ќе се одржи кон средината на декември. Стратегијата за одбрана ја враќам во постапка со цел во неа да се вметне точка за еколошка безбедност. Исто така ќе се заложам да се создаде национален фонд за заштита на животната средина, а во рамки на образовниот систем да се вметнат задолжителен број на часови преку кои учениците ќе ја сфатат важноста од здрава животна средина“ рече претседателот Пендаровски.

Фактор пред претседателските избори ја поведе иницијативата за „Зелена заклетва“ од страна на кандитите кои беа во трка за да се преселат на Вила Водно. Со заложбата на повеќе граѓански здруженија и активисти, кои ја изработија, кандидатите меѓу кои и Стево Пендаровски ја потпиша „Зелената заклетва“ дека ќе направи максимални напори за да се бори со загадувањето на животната средина во рамки на неговите надлежности, но и како „татко“ на нацијата.

„Загадувањето е проблем кој директно го засега секој од нас. Денеска ја потпишав „Зелената заклетва“, со која се заложувам дека загадувањето ќе го третирам како натпартиско прашање и заедно со сите засегнати страни, граѓаните и граѓанскиот сектор ќе поставиме стратегија до која сите ќе се придржуваме. Ќе воспоставам блиска соработка со земјите од регионот и меѓународните тела кои можат да придонесат за ефикасно решение на овој горлив проблем“ истакна Пендаровски овој април при потпишувањето на Зелената заклетва.

Пендаровски иако нема директни ингеренции во креирањето на буџетот за следната година посочи дека ќе се залага за зголемување на средствата за заштита на животната средина.

Според предлог буџетот за 2020 година кој е во собраниска процедура, за заштита на животната средина се предвидени 23,8 милиони евра. Од нив 3,7 милиони евра ќе се наменат за спречување на загадувањето, а остатокот се за управување со отпадоците и управување со отпадните води. Гледано процентуално 0,5% од целокупниот буџет се наменети за заштита на животната средина.

Барањето за вклучување на припадниците на армијата во еколошки патроли според врховниот командант не е изводливо бидејќи за внатрешниот ред и поредок се грижи полицијата. Од друга страна пак македонските војници својот придонес го даваат со расчистување на опожарени површини, засадување на дрвја, расчистување на отпад од речни корита, селекција на отпад, активна обука и едукација на персоналот за грижа за животната средина.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата