20 Април, 2024
0.0276

Дали премиерот Заев е жртва на хибридна војна и како да се справиме со овие закани?

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Заев се извини за објавените три телефонски разговори со наводни руски комичари кои лажно се претставувале како екс украинскиот претседател Порошенко и генсекот на НАТО Јенс Столтенберг. Ваквиот скандал предизвика нови негативни реакции во македонската јавност, а разговорите беа пренесени во Русија, како и низ регионот, додека пак социјалните мрежи се преполни со потсмев и разочараност што порано не била откриена измамата. Пратеничката и професорка на Факултетот за безбедност Фросина Ременски, пак смета дека станува збор за хибридни закани за попречување на државните интереси.

„Актуелната снимка на т,н., "пранкери" е класичен пример на хибридна алатка. Легалноста на оваа хибридна алатка е само правото на комуникација. Нелегалноста на оваа хибридна закана е лажното претставување, употребата на агенти провокатори зад превез на "пранкери" и прикривање на нелегалноста и злоупотребата на медиумите на т.н., пранкери зад превезот на слободата на изразување и слободата на медумите како демократска вредност“ тврди Ременски.

Опозицискиот пратеник Антонио Милошоски пак, смета дека премиерот Заев морало да ги договора телефонските разговори со високи државници според точно утврдени протоколи и така немало да дојде до вакво изложување, па затоа бара и негова оставка како и одговорност.

„Заев морал да знае дека разговор меѓу двајца државници се договара официјално преку амбасадорите на/во двете земји, се потврдува преку дипломатските советници во двата кабинети, а потоа се архивира/ споделува со министерот за надворешни работи. Доколку ова не го знаел Заев како премиер, тогаш пред да си даде оставка, нека ги разреши и Никола Димитров (МНР), и Дане Талески (советник за надворешни работи), кои биле должни да го запознаат со тие дипломатски правила“ вели Милошоски.

За заканите од хибридното дејствување против Р.С.Македонија која наскоро ќе стане членка на НАТО анализираме со претседателот на Евроатлантскиот совет Исмет Рамадани.


Колку е овој случај показател за пропусти во протоколите за комуникација на државно ниво. Дали станува збор за нова форма на делување на групи на интерес со механизми на ширење на лажни вести и дискредитација на државници кои се блиски до НАТО и Западните сојузници преку хибридни методи на војување?

Рамадани: Ние сме во ера кога веќе треба да се бориме против начините на водење на хибридна војна. Тешко се справуваат државите кои се посилни и имаат технологија со овие методи, некои од нив имаат сопствени платформи како што се Германија, САД, Кина со цел да се заштитат од сајбер напади и слични методи на делување. Мислам дека ова што се случи со премиерот Заев и неговиот кабинет со овие телефонски разговори се токму таков вид на хибридни мерки. Веројатно руската надворешна политика, односно нивниот став кон членството на Република Северна Македонија во НАТО е негативен. Тие во почетокот пробаа со други форми да не попречат, лансирајќи одредени групации од тука да бидат пречка за членството и интеграцијата, и сега тие употребија форма која наликува на наводни комичари, но тоа спаѓа во категоријата на специјални методи на дејствување. Тоа се води против личноста на премиерот Заев кој по договорот со Грција и неговата одлучност за евротлантската интеграција им е пречка. Знам дека ќе има одек во јавноста и многу коментари и интерпретации, но најважно е што премиерот и во тие лажни разговори неговите ставови се чисти во однос на членството во НАТО и решавање на проблемите по мирен пат, спомнувајќи држави од регионот кои треба да го следат нашиот пример, односно ги штити интересите на нашата држава и граѓаните. На последната седница на ниво на министри на одбрана на НАТО има заклучок кој вели дека ќе се вложува многу во сајбер одбрана, за справување со лажни вести и спречување на хибридни напади преку колективни напори.

Зошто токму сега се објавени овие разговори, дали истите се темпирани со оглед на тоа што биле снимени во текот на подолг временски период?

Рамадани: Во овој случај руската пропагадна најверојатно има фази на дејствување и мислеле дека овие разговори треба да се употребат во време кога не може да се употребат поагресивни ставови. Сега и тие се свесни дека дефинитивно Република Северна Македонија станува членка на НАТО, и на еден начин ако ништо друго не им преостанува прават обид да ја дискредитираат личноста на премиерот Заев во што сметам дека не успеале бидејќи на другата страна на телефонската линија не нашле човек кој и без знаење не потпаѓа во опција во која го загрозува интересот на државата и структурите во кои ние се стремиме да се интегрираме.

Треба ли да има одговорност во Кабинетот на премиерот Заев и како да се спречат вакви пропусти во иднина?

Рамадани: Премиерот на некој начин признава и во негово и во име на неговите советници дека немало начин, односно не сме биле подготвени да препознаеме или одговориме на вакви методи на хибридна војна и затоа најдени се во ситуација неочекувано и без некое размислување дека може да се случи вакво нешто. Затоа потребно е да се извлече поука и спремност понатаму да се побара помош од тие кои имаат понапредни ресурси за справување со хибридна војна. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите