ДАЛИ ПУТИН МОЖЕ ДА МОБИЛИЗИРА МИЛИОН ВОЈНИЦИ? Откриен е таен документ на Кремљ

Објавено во: Свет 22 Септември, 2022
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во
четвртокот зборуваше за шпекулациите дека Москва би можела да мобилизира вкупно
еден милион војници.
Рускиот претседател Владимир Путин во средата објави план за делумна мобилизација и потпиша декрет од десет точки. Медиумот „Нова газета Европа“ тврди дека во доверливиот седми став, кој не е официјално објавен, се споменува можност за регрутирање до милион луѓе. Во самиот документ таа ставка е означена под наслов „само за службена употреба“.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу претходно изјави дека 300.000 резервисти ќе бидат повикани во служба за време на делумната мобилизација најавена во земјата. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ја отфрли информацијата дека во рамки на актуелната кампања за делумна мобилизација е планирана мобилизација до милион мажи.
„Ова е лага“, изјави тој за ТАС. Според проценките на веб-страницата globalfirepower.com, Русија има вкупно 1.350.000 војници, од кои 850.000 се во активна служба, 250.000 се резервисти, а 250.000 се платени војници.
ФОТО: EPAМожеби ќе ве интересира
Шмигал вети дека ќе ја внесе Украина во ЕУ во следните две години

ЛИДЛ ГО ИСФРЛА ЦЕЛОТО МЕСО ОД АСОРТИМАНОТ: Еве ги деталите и што значи тоа

Крвави 12 часа во Шведска: 3 лица загинаа во улична војна на бандите, премиерот бара помош од армијата
ШВЕДСКА - ДИВ ЗАПАД, КРВАВА ВОЈНА МЕЃУ БАНДИТЕ: Премиерот бара помош од војската
БОМБАШ САМОУБИЕЦ СЕ РАЗНЕСЕ НА ВЕРСКИ СОБИР, 52 ЛУЃЕ ЗАГИНАА: Во напад во Пакистан има и над 50 повредени
ИЗНАЈМУВАЊЕТО СТАНОВИ НА НЕКОЛКУ ДЕНА СТАНУВА ЛУКСУЗ: Еве каква промена воведе Њујорк, не се први
Koj остава свински глави пред домовите на руските пропагандисти?

РУСИЈА СЕГА ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ: Купија ланец трговски центри
