Дали Русија ќе гради воена база во Србија?
Објавено во: Балкан 09 Август, 2022
Русија планира да гради воена база во Србија.
Руските медиуми пишуваат дека земјата планира да изгради воена база која ќе има извидувачки задачи и ќе ја следи средината во Србија. Вакви информации споделил воениот експерт и историчар Борис Јулин.
Тој за „лентра.ру“ вели дека не знае какви придобивки ќе има Русија доколку создаде воена база во Србија. Јулин вели дека ЕУ би можела да ја смета Србија во иднина како веројатен извор на закана во случај на конфликт.
„Факт е дека базите се наоѓаат во близина на зоните на можни непријателства. Во, но Србија, територијално, ќе биде целосно отсечена од Русија и опкружена од сите страни со земји на ЕУ и НАТО. Не е јасно како е можно да се постават сили и да се обезбеди база во таков случај“, рекол Јулин.
Србија е една од ретките земји која не воведе санкции против Русија поради војната во Украина. Откако почна војната во Украина на 24 февруари, имаше податок дека руски граѓани отворале фирми во Србија.
foto freepik.com/fabrikasimf