Дали Северна Македонија ги смири Самка Ибраимоски и Амди Бајрам?
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2019
Oткако синоќа во Собранието беа усвоени уставните измени, се смирија Самка Ибраимоски од ПЦЕР и Амди Бајрам од Сојузот на Ромите. На социјални мрежи се појави фотографија на која довчерашните противници се прегрнати и насмеани.
Со 81 глас „За“, синоќа се донесени уставните измени со кои се менува името на државата во Република Северна Македонија.