20 Април, 2024
0.0295

Дали социјалната пензија ќе ја намали сиромаштијата кај старите лица во Македонија?

Објавено во: Економија 15 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Постарите граѓани кои немаат стаж ќе добиваат социјална пензија, а законот е веќе испратен во Собрание.

Се предвидува сите граѓани со наполнети 65 години да добиваат месечен надомест од 6.000 денари без разлика дали  работеле или не. Оваа сума еднаш годишно ќе се усогласува со трошоците на живот. Ваков надомест нема да добиваат граѓаните чиј партнер има пензија. Услов за стекнување на надоместокот е граѓанинот да е државјанин на Македонија во последните 15 години, да нема имот од кој може да се издржува и да нема примања од друга држава.

Но, дали оваа мерка ќе ја намали сиромаштијата во земјава?

„Со Уставот на Република Македонија се гарантира правото на помош на  немоќните и на неспособните за работа граѓани. Посебните права се уредуваат со закон. Старите лица во Република Македонија не уживаат посебна помош и заштита  по основ на нивната материјална наобезбеденост, доколку не ги  исполнуваат условите за остварување на право на пензија. Во изминатиот период, континуирано се прават напори за реформирање и унапредување на системот на социјалната заштита, преку законски измени и посебни програми за намалување и ублажување на изложеноста на социјален ризик за ранливите групи, како што е субвенционирање на потрошувачката  на енергија на семејства корисници на социјална прична помош и постојана парична помош. Сепак, и покрај намалувањето на стапката на сиромаштија од 27% во 2010  година на 21,8% во 2016 година, сиромаштијата и нееднаквоста се високи  споредено со други земји од регионот со слично ниво на развој и постои  загриженост за одржливоста на овие придобивки од намалувањето на сиромаштијата“, вели Сашко Јованов од Македонска платформа против сиромаштија.


Тој додава дека оваа мерка на власта ќе доведе до намалување на процентот на сиромаштијата кај старите лица над 65 годишна возраст.

„Законот за социјална сигурност го има во повеќе држави, бидејќи  тргнувајќи од фактот дека една од целите на Европската унија односно  Столбот на социјалната заштита е токму и оваа социјална адекватана  сигурност на постарите лица. Бидејќи се работи за Европска политика земјите членки на ЕУ го имаат применето и се исплаќа согласно внатрешните уредбите на секоја ЕУ земја“, наведува Јованов.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека не го виделе законот, но го смета за предизборна манипулација. Социјалната пензија нема да се исплаќа преку ПИОМ, а не се знае колку граѓани ќе бидат опфатени со законот. 

Според некои проценки кои се правени лани, Македонија социјалната пензија може да ја чини над 20 милиони евра. 

Македонија ќе троши до 26 милиони евра годишно за да исплаќа државна социјална пензија, покажале првични пресметки на Институтот „Фајнанс Тинк“, и овој податок е објавен лани. 

Експерите тогаш алармираа да се внимава со мерката, да не се случи да нема ефект, и луѓето да се повлекуваат од пазарот на труд за да чекаат социјална пензија. 

Според податоците на Државниот завод за статистика,  во 2017 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 22.2 %.

16.1% сиромашни граѓани постари од 65 години имало во 2017 година во Македонија. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор