16 Април, 2024
0.0246

Дали враќањето на долговите на Државата ќе ја зголеми ликвидноста во стопанството?

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Државата на компаниите им должи уште 19,5 милиони евра по основ на поврат на ДДВ и договорни работи. Според соопштението од Министерството за финансии, од септември минатата година, кога почна да се враќа тој долг, на фирмите им се исплатени 72,4 милиони евра.  „Ова, докажува дека исплатата се одвива согласно утврдената динамика и ќе се реализира во ветениот рок, заклучно со февруари, посочуваат од Министерството за финансии. Податоците од министерството за финансии следуваат само неколку дена откако дел од бизнисмените обвинија дека долгот не се враќа согласно најавената динамика.    Од Сојузот на Стопански комори на Македонија велат дека на некои компании веќе им се подмирени долговите и очекуваат да се исполни и ефектуира најавеното раздолжување на државата спрема стопанството до крајот на Февруари 2013 година како и да се продолжи со навремено намирување на достасаните обврски на државата согласно со договорените и законски одредби. Враќањето на долгот по основ на ДДВ во стопанството ќе придонесе да се намали проблемот со неликвидноста во македонската економија. Доколку во стопанството се вратат 92 милиони евра ќе се затворат долговите четири до пет пати повеќе меѓу компаниите, оценува Мирче Чекреџи, заменик претседател во Сојузот на стопански комори на Македонија.
„Министерството за финансии во септември утврдило дека се работи за 92 милиони евра. До денеска, според информации од Министерството за финансии, исплатени се поголемиот дел од тие пари или точно 72,4 милиони и остануваат до крајот на февруари да се исплатат уште 19,5 милиони. Тоа со голем оптимизам е прифатено во бизнис-заедницата и  како Сојуз на стопански комори имаме направено проекција дека ако се вратат во стопанството 92 милиони евра ќе се затворат долговите четири до пет пати повеќе“, изјави Чекреџи.
Сосема спротивен став пред само неколку дена изнесе претседателот на Стопанската Комора на Северозапдна Македонија. Тој тврди дека долговите не се враќаат според најавената динамика.
“Нашите членки не се задоволни од динамиката, не е дека не се плаќа воопшто, туку според динамиката, ако се сеќавате, во излагањето на премиерот имаше и еден краен рок по кој државата воопшто нема да има долг кон стопанството, тој рок се приближува, се споменуваше февруари како датум, но за жал ние не гледаме дека има некои ефекти, затоа што би се чувствувале тие ефекти и во она што денеска важи како беспарица воопшто. Тоа е алка која што е скината и која што сè уште тера кон уште поголема економска криза во земјата, изјави Мендерес Кучи.
Освен ова тврдење Кучи посочи и дека централната и локалната власт вршат рекет врз бизнисот. „И сега ако некој прејудицира дека ти си припадник на една или на друга политичка опција, тогаш него ќе го третираат поинаку или ќе го „рекетираат“. Ние имаме еден соодветен збор за тоа „рекет“, нешто што морам да ти го дадам јас на тебе ако сакам да придобијам некоја работа за која сум способен и која навистина само јас можам најквалитетно да ја работам. Не се доволни само тендерските постапки, туку тука игра и клучна улога и тоа кој каде припаѓа политички. Ние не се соочуваме само со притисоци од централната власт, туку и од локалната власт, на некој начин си го јадеме стапот од сите страни. Затоа велам дека тоа треба прво да се регулира на централно ниво, таквите работи да се елиминираат во целост и на стопанството навистина да се гледа како на партнер, а не како на некој што цело време ќе биде под лупа како непослушен или неспособен или непотребен “, изјави Кучи во интервју за Радио Слободна Европа. Премиерот Никола Груевски, минатата година пред бизнисмените најави дека до крајот на февруари годинава ќе биде исплатен долгот што државата по основ на ДДВ го има кон стопанството.
„Донесовме одлука за елиминирање на проблемот на доцнење на плаќањата на државата кон стопанството. Почнувајќи буквално од утре, доцнењата во повратот на ДДВ и плаќањето на фактурите постапно ќе се намалуваат, а до крајот на февруари 2013 година овој проблем ќе се надмине. Нашето ветување е дека до крајот на ноември ќе завршиме половина од оваа обврска, а до крајот на февруари проблемот ќе биде целосно елиминиран и наша цел е да не дојде до повторна појава на овој проблем“, изјави  Груевски во септември минатата година. Тогаш владата за прв пат призна дека има долг кон стопанството иако претходно го негираше и покрај пишувањата не медиумите и поплаките од дел од коморите и бизнисмените.
Податоците од Министерството за финансии за состојбата на долгот следуваат само неколку дена откако дел од бизнисмените обвинија дека долгот не се враќа согласно најавената динамика. Прв пат долгот кон компаниите беше признат лани кога Груевски обелодени дека станува збор за 92 милиони евра. Се дотогаш од Министерството велеа дека податоците за состојбата на долгот се тековни работи во кои се нема прецизен увид, бидејќи се менуваат од ден на ден.

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?