24 Април, 2024
0.0264

Дали вторник е денот Д за датумот за преговори за Македонија?

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Министрите oд ЕУ задутре ќе oдлучуваат за почетокот на преговорите за Македонија. 

Нашата земја и Албанија ќе бидат главна тема на преговорите во овој дел. 

Тие ќе заседаваат во Луксембург, а на дневен ред се извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан и проширувањето.

Министрите треба да одлучат дали и кога овие две земји ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ. 

Почнување преговори препорача Европската комисија на 29 мај во извештаите.

Одлуката што ќе ја донесат министрите ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на Европскиот Совет на 20 и 21 јуни во Брисел. 

Странски медиуми пишуваат дека Македонија ќе добие датум, но Албанија ќе биде одвоена. 

Одлуката за Албанија би се одложила затоа што нема политички дијалог со опозицијата и борба против корупцијата и организираниот криминал. 

Во Македонија имаше реакции од опозицијата затоа што Македонија не доби датум месецов, иако претходно имаше такви очекувања. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП