23 Април, 2024
0.0370

ДАЛИ ЗАПНАА НА ПРЕМИЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА - преговорите напредуваат, но не завршуват

Објавено во: Македонија 09 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Дали само инсистирањето на ДУИ за Албанец премиер ги кочи преговорите меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада, или има посреди и други недораззбирања.

Фактор го праша портпаролот на ДУИ и вицепремиер во заминување Бујар Османи дали ова прашање е камен на сопнување меѓу двете партии, но досега немаме одговор.

А партиски извори неофицијално кажуваат дека напредок има во преговорите.

Според нив, единствено за што не може да се најде НЗС е инсистирањето на ДУИ за премиер Албанец. 

А дека преговорите се во подобра насока од досега, може да се толкува од денешното последно соопштение од Социјалдемократскиот сојуз. Тие во него нагласија и дека владината програма ќе биде усогласена со програмите на СДСМ и ДУИ.

„Во разговорите со политичката партија ДУИ целосно сме согласни за  почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Посветени сме на социјална кохезија, силно и толерантно општество, владеење на правото и согласни сме да се спротивставиме на сите форми на национализам и омраза. 
Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ.
Неопходни ни се квалитетни, одговорни и отчетни кадри предложени за сите ресори од двете страни, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципите на евентуалниот коалициски договор“, напишаа од партијата на Зоран Заев во своето последно соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска рекоа дека немаат нови детали, но дека работат на обезбедување мнозинство. Од партијата ги повикаа СДСМ да кажат со кого тие обезбедиле мнозинство, или да престанат тоа да го повторуваат. Коалициите на СДСМ траат само неколку часа сè додека тие самите не се демантираат, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„СДСМ веќе неколку дена излегува со информација дека има парламентарно мнозинство и дека ќе прави влада, а потоа самите се демантираат. СДСМ е пишманска партија или сега имаме т.н. пишманска СДСМ. СДСМ треба да излезе и јавно да каже дали има мнозинство во Собранието и дали ќе прави влада. Доколку не го направи тоа, значи дека тие ова што го прават е манипулирање со граѓаните. СДСМ ако сака да прави влада треба да се однесува транспарентно“, наведено е во соопштението.

А вчера гостиварскиот градоначалик, Арбен Таравари од Алијанса, рече дека тие би влегле во иста влада со ДУИ, само ако на интегративците им успее Насер Зибери да е премиер. 

„Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ“, рече Таравари. 

А часовникот, иако полека, но сигурно отчукува. Петок идната недела е последниот ден во кој шефот на државата Стево Пендаровски треба да му го додели мандатот на новиот мандатар. Потоа мандатарот ќе има 20 дена да ја формира новата влада и предлогот да му го достави на Собранието, кое, пак, претходно ќе треба да избере и нов спикер. 

Новиот претседател на парламентот ќе има период од 15 дена да закаже седница за избор на нова влада. 

Или, Илинденска со нови министри кои ќе ги договорат партиите што ќе формираат влада, би требало да се пополни пред 20 септември.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...