Дали Зеленски преку размена ќе ги спаси украинските борци од Азовстал?
Објавено во: Свет 17 Мај, 2022
Потребни нѝ се, живи, украински херои, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски за украинските борци од Азовстал.
Украинската војска измината ноќ работеше на евакуација на преостанатите борци од фабриката за челик Азовстал во градот Мариупол.
„Сакам да нагласам - на Украина и се потребни, живи украински херои. Ова е нашиот принцип“, рече Зеленски.
Украинските власти соопштија дека повеќе од 260 борци се евакуирани. Педесет и тројца тешко повредени се пренесени во болница во Новоазовск, источно од Мариупол. Новоазовск е под контрола на руски војници и сепаратисти поддржани од Русија.
Други 211 борци се префрлени во градот Оленивка, област која ја контролираат сепаратистите поддржани од Кремљ, и ќе бидат предмет на потенцијална размена на заробеници со Русија. Откако почна војната на 24 февруари, Русија и Украина направија повеќе размени на заробеници.