Дали знаете кој е најевтиниот град во Европа за туристи?
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2022
Бисерот на Андалузија, Гранада е најевтината „сити брејк“ дестинација во Европа. Таа е лоцирана јужно од Шпанија и е една од најпристапните дестинации за патниците. Истражување кое го направила страницата „Омнио“, покажува дека Гранада се нашла на врвот на листата за туристи со ограничен буџет.
Гранада има многу бесплатни активности, вкупно 112. Тоа вклучува и посета на 10 бесплатни музеи.
Обиколувањето на градот во просек чини 6 евра, а пивото во поголем дел од баровите не е поскапо од 2 евра, наведува „Euronews“.
Гранада има 1.011 бесплатни Wi-Fi точки и 143 јавни фонтани. Редовниот автобуски билет е еден од најевтините во Европа и чини 1,40 евра.Страницата „Омнио“ рангирала 100 најпопуларни дестинации за патување во Белгија, Германија, Франција, Италија, Холандија, Австрија, Швајцарија и Шпанија.