20 Април, 2024
0.0271

Дали знаете што се случува со млечните производи што не се чуваат во фрижидер?

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Пазарувањето за дома е секојдневна рутина што секој од нас (кој повеќе, кој помалку) ја прави со уживање. Во маалските продавници, во големите маркети, на пазарите – изборот на омиленото место за пазарување е голем.

Но, она што е важно е дека секое од овие места треба да поседува соодветни услови за чување на секој од производите што ги нуди за своите купувачи, бидејќи единствено така може да гарантира за нивниот квалитет. Без оглед на тоа дали станува збор за месо, овошје, зеленчук или млечни производи, особено е важно да се чуваат во соодветните услови што ги препорачува производителот.

Бимилк, како најголем производител на млеко и млечни производи во Македонија, повеќе од 65 години обрнува особено внимание на одржувањето високо ниво на задоволство кај своите потрошувачи. Оттука, со цел да покаже вистинска грижа кон нив, особено во пресрет на високите температури, компанијата започна со едукација на своите партнери и купувачи за одржувањето високо ниво на квалитет при секој контакт со производите.

Денешниот текст е наменет за т.н. ладен ланец низ кои поминуваат производите. Но, пред сè, да објасниме што е тоа „ладен ланец“. Тоа е, всушност,целиот пат што го поминуваат температурно осетливите производи, односно од производителот, па сè до крајниот потрошувач.

Среќаваме ситуации во кои правилата за соодветно чување на производите во маркетите или на други продажни места не се почитуваат, некогаш од страна на дистрибутерите, некогаш од страна на крајните продавачи, но има ситуации кога не се почитувани ни од самите потрошувачи. Токму затоа, сметаме дека особено е важно и самите потрошувачи да бидат запознаени со сите процеси што треба да претходат за да се добие производ со врвен квалитет.

Така, во млечната индустрија, обезбедувањето висок квалитет на производите започнува уште од преземањето на сировото млеко од фармите, преку дистрибуцијата, па сè до нивното правилно складирање и чување во директните продажни места. Ова е особено важно за кисело-млечните производи, како што се јогуртот, киселото млеко, павлаката и други производи од овој тип, кои се температурно осетливи и за кои е задолжително, во целиот процес на производството, дистрибуцијата, продажбата, па сè до крајното сместување во фрижидер во домаќинствата, да бидат чувани во специфични услови. Токму овој процес се нарекува ладен ланец, а контролирана оптимална температура на целиот ланец е од 2 до 8 степени.

Доколку дојде до прекин на ладниот ланец, се скратува рокот на траење на кисело-млечните производи и доаѓа до промена на квалитативните карактеристики на производот, односно неговиот вкус станува изразито кисел, се намалува густината, а може да дојде и до трајно оштетување на производот,по што тој станува неупотреблив.

Оптималниот рок на траење на кисело-млечните производи изнесува 25-27 дена, но само доколку се чуваат во целиот ланец на снабдување на соодветната температура. Така, на пример, доколку производот само 4 часа се чува на температура од 15°C, неговиот рок на траење се скратува речиси двојно и изнесува 14 наместо 27 дена, а, пак, доколку се чува 8 часа на 15°C, рокот се намалува на 10 дена. Она што во вакви ситуации загрижува е фактот што крајниот потрошувач, всушност, не е свесен дека во некој момент дошло до прекин на ланецот и, следствено, рокот на траење на производот е намален. Ова, секако, ќе резултира со незадоволни купувачи, поплаки, намалување на продажбата итн.

Токму затоа, сакајќи да ја покажеме вистинската грижа кон потрошувачите, искрен совет е своите млечни производи да ги купуваат во објекти што имаат разладни витрини и што ги чуваат на соодветна температура. На декларацијата на производот задолжително треба да се информираат за температурата на чување и рокот на траење на производот, со што и самите ќе се осигурат дека консумираат производи со навистина врвен квалитет.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга