25 Април, 2024
0.0268

Dalma: Синоним за иновативност и квалитет

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Подготовката на совршенството зависи од уникатноста на услугата и годините искуство. Движејќи се во тие води повеќе од една деценија, е и повеќе од сигурен показател за докажан квалитет кој тешко се реплицира, а се гради со професионален тим, желба за квалитет, и постојан напредок и иновативност.

Dalma Catering & Events, е уникатен бренд уште од своите почетоци, кога во 2005 година амбициозноста и стремежот ги претвори во престижна кетеринг компанија, која своевремено прерасна во лидер во својата област. Со проширување на своите услуги, Dalma денес е синоним за иновативност и квалитет - компанија која се грижи за секој сегмент во организацијата на било каков вид на забави и настани.

За Dalma Catering & Events, секој детаљ е значаен во реализирањето на визијата за секој настан. Настаните кои се организираат од една страна се темелат на совршената припрема на храната која е секогаш подготвена од врвни мајстори и аранжирана според светските кулинарски трендови. Во подготовката и припремите евидентни се и се вбројуваат и високо модерната опрема за професионално осветлување и озвучување, галантерија за декорирање, како и единствените транспарентни шатори во Македонија.

Бројни амбасади, компании, организации и институции се уверени во виртуозноста на Dalma, а преку опслужување и реализирање на над 8.000 настани од тотално различен тип, нивната услуга е препознатлива надалеку за својот стил, беспрекорност и квалитет.


Богатото мени на Dalma Catering & Events е перфекција која задоволува различен распон на желби и замисли. Dalma е бренд кој со својата палета на услуги креира основа за незаборавни спомени! Менијата вклучуваат традиционална кујна, егзотични закуски, морски плодови, современи коктел ордевери, посебни комбинации за предновогодишни забави, приватни и деловни вечери, детски менија, сендвичи, салати, менија за посебни прилики и многу други опции за адаптирање и на најспецифичните желби и барања.

Секоја прослава е можност за зближување и создавање на нови познанства, шанса кога секој може да ужива во пријатниот амбиент и атмосфера – нешто што овој бренд неуморно го создава во различни форми, веќе повеќе од една деценија.

Посебноста која извира при секоја прилика им дозволува на Dalma да создадат корпоративни настани чија цел е секогаш надмината. Ветрот секогаш е во едрата на оваа компанија која константно плови во водите на иновативноста


Компанијата својот успех не го должи само на искуството и бројот на реализирани настани. Желбата и упорноста за вклучување на иновативност во секој аспект од својата работа и услуга се два фактори, кои ја имаат претворено Dalma во бренд чија услуга е навистина незаменлива. Со мали трошки на уникатност се краси секој аспект од една забава и со тоа препознатливата атмосфера се претвора во плејада на незаборавни моменти.

Посветени на новите трендови, Dalma Catering & Events се истакнуваат со својата иновативност понудувајќи нови и креативни можности за организација и на предновогодишни настани. Сега секој може да биде дел од прослава со стил уживајќи во најдобрата забава.

Бидете гостин на сопствената забава! http://www.dalma.com.mk/

Можеби ќе ве интересира

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив